Автор Тема: Проблем со дискови и плочки  (Прочитано 2028 пати)

Отсутен ChristiaN1337

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Проблем со дискови и плочки
« на: 18 Јануари 2021, 18:50:01 pm »
Здраво на сите, пред месец ипол сменив предни дискови и плочки марка Ferodo.За неполно поминати 300 километри почнаа по малку да квичат, за по 500 километри да квичат ненормално. Со консултација од 2-3 мајстори ми беше речено дека плочките се неквалитетни и дека нема друго решение освен да купам нови. Купив нови АTE плочки со што пак по 200 километри почнаа да квичат пак јако. Некој искуство да сподели за некое друго чаре освен да пробам со друг бренд на плочки? Да напоменам дека и после второто менување беше констатирано од мајстор дека пак се појавува квичењето од плочките. Деловите Ferodo се купени од Крис и Том, а плочките АТЕ од Мега.

Автомобилот на кој се јави проблемов е Голф 4. Поздрав

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #1 на: 18 Јануари 2021, 19:12:14 pm »
Бидејки си сменил два пати плочки од два различни бренда, тогаш пиштењето ти е од дисковите. Можеби ке помогне на дребонг да се симнат еден круг ама па тогаш може да се јави тресење при кочење.

Сигурна и најскапа варијанта ти е нови дискови од друг бренд.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен ChristiaN1337

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #2 на: 18 Јануари 2021, 19:23:18 pm »
Помислив и јас на таа опција ама сепак сакав да слушнам и од друг мислење. Дали имаш контакт од некој што го прави тоа да се јавам и консултирам со нив?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #3 на: 18 Јануари 2021, 19:27:15 pm »
Да се проверат шапите  прво пред друго да се праи. Сервис Мирко у Ѓорче, специјалиризан за кочници да се посети.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ChristiaN1337

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #4 на: 18 Јануари 2021, 19:31:48 pm »
Може да поминам деновиве и со него да видам. Мислам дека имам сретнато страница на фб негова од таму да најдам број. Фала ти на препораката.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #5 на: 18 Јануари 2021, 19:55:46 pm »
Да се проверат шапите  прво пред друго да се праи. Сервис Мирко у Ѓорче, специјалиризан за кочници да се посети.
Еве колегата добар предлог ти даде. Еве ти бројче од мирко +389 2 204 8810

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен ChristiaN1337

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #6 на: 18 Јануари 2021, 20:04:22 pm »
Е супер ќе го побарам, фала ви уште еднаш и на двајцата.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #7 на: 18 Јануари 2021, 20:21:58 pm »
Чистењето од нечистотии, подмачкување со бакарна маст и силиконска кај што треба е 50% од менување на диск и плочки.
Ама, не се замараат нашиве "мајстори"

Отсутен ChristiaN1337

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #8 на: 18 Јануари 2021, 22:58:04 pm »
Јас не може да се пожалам од мајсторот пошто при монтажа 2те главчини каде што налегнувааат дисковите беа исчистени од корозија и беше ставена бакарна маст. Исто беа исчистени лежиштата каде што движат плочките и ставена е графитна маст на местата каде што лизгааат. Повеќе врти проблемот на лош квалитет на деловите или некои проблем евентуално со функционирањето на шепата односно клипот.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #9 на: 18 Јануари 2021, 23:19:24 pm »
Дали пред да ги смениш имаше квичење од (нај) старите? Зборам за квичење не како сигнал дека се изедени, туку за класично квичење?

Ако си немал, тогаш може да е лоша монтажа, несоодветен дел можеби... Ако си имал, проблемлт може да е на друго место.
Овие брендови што си ги ставил се едни од подобрите, не ми се верува да е тука проблемот.

Отсутен ChristiaN1337

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со дискови и плочки
« Одговори #10 на: 18 Јануари 2021, 23:27:46 pm »
Стариот сет кој беше на колата беше доста искористен само, посебно дисковите и тресеа на моменти при кочење. Може генерално на се да се сомнева вака затоа мора да се види и од друг мајстор. Еве коа ќе успеам да поминам докај мајсторот што го препорачаа ако се отклони проблемот ќе пишам тука што точно било маката  ::)