Автор Тема: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ  (Прочитано 5197 пати)

Отсутен kkirek

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« на: 05 Јануари 2021, 23:34:56 pm »
Здраво дечки,
Накратко ќе де обидам да го објаснам мојот проблем.
Се работи за голф 6, 1.6 тди 2010, 105 кс
Го купив со 75.000км, проверен од порше и со гаранција за сменет замаец.
После одреден период слушам звук, одам, го рекламирам и кажува мајсторот дека ставил ФИКСЕН замаец. Реагирам на тоа и му доплаќам да стави варијабилен.
Го менувам со sacsh сет варијабилен и после поминати само 1000 км слушам повторно звук (во лер со пуштено квачило, а кога ќе го стиснам, звукот исчезнува).
Овој пат мајсторот ми вика дека рекламацијата веќе 2 пат не му ја признавале од таму каде што ги набавува деловите, му рекле дека е до менувачот, на што тој ставил друг менувач и повторно ги викнал за да го рекламира замаецот, но повторно не му ја признавале рекламацијата, за на крај  повторно плаќам 300евра за НОВ, но сега ЛУК.
По 3 пат го менува замаецот, но сега на ладна кола се слуша мал звук а кога ќе загрее ептееен минимално дури неприметно.
После 3тиот пат ми вика дека штом на ладна кола пак се слуша, тогаш е до системот за гориво (дизни, пумпа за притисок и нафта) и дава предлог за 800евра да се сменат тие делови.

Еве јас го возам веќе 2 недели но повторно го слушам звукот на замаецот во лер (не многу, но доволно да ме нервира)

Ве молам ваше мислење, можно ли е 3 замајци да се фалични или е нешто друго во прашање. Менувач како опција е отфрлен. (барем како што вика мајсторот)
« Последно менување: 06 Јануари 2021, 00:19:47 am kkrusarovski@gmail.com »

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #1 на: 06 Јануари 2021, 00:12:06 am »
Ne znam sto e problemot kaj tebe i dali voopsto imas problem, ama ne davam pari za zamaec po preporaka od majstor ako ne stoi zad kazanoto. Ako ne se resi problemot go teram da go vrati stariot i ne gleda pari od mene.

Taka eden clen po preporaka od nepismeni majstori ke menuvase zamaec na leon, na krajot izleze 1500 denari problem otkako mu skrenavme vnimanie da ne menuva zamaec dzabe.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #2 на: 06 Јануари 2021, 00:22:43 am »
Na 3 pati otvoreno,so sakas stavaj ke krcka. ;D
Ne trcaj kako muva bez glava,ne sobiraj "skapo" iskustvo.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kkirek

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #3 на: 06 Јануари 2021, 00:31:46 am »
Na 3 pati otvoreno,so sakas stavaj ke krcka. ;D
Ne trcaj kako muva bez glava,ne sobiraj "skapo" iskustvo.

Sto da pravam ajde... znaci nema resenie? Bidejki e 3 pati otvoreno, veke nema popravka znaci?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #4 на: 06 Јануари 2021, 00:43:23 am »
Абе какви дизни на 75 000 нека не си прај бајрам со умот

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #5 на: 06 Јануари 2021, 00:47:22 am »
Прво и основно да си смениш мајстор, побарај друго мислење.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #6 на: 06 Јануари 2021, 00:53:25 am »
Трето...
Барај го членот @AUUU  да ти кажи 2-3 збора за тој модел и тој мотор.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #7 на: 06 Јануари 2021, 00:56:03 am »
После раскажаново како да си ти најзаебаниот во целава приказна, бидејќи ми изгледа дека си дал еден тон пари. Дали постоело некое недоразбирање, некоја лоша комуникација меѓу вас двајца, па не сте се разбрале за фиксен или варијабилен, не знам, но не се мали работи за да нагаѓаме.

Ај да пробаме со системов за гориво, може до тоа да е, само за 799.99еу.

Нешто е сработено, сменето, ама како да не е доработено. Смени си мајстор. И второ, трето, четврто петто мислење (од други мајстори) многу ќе помогни.

Веднаш искуство од прва рака: Имав проблем со линискиот (PK) каиш, ужасно многу квичеше. Алтернатор да се растура, да се отвара, федер шајбна, куплунг шајбна, компресор за клима да се менува, пола блок да се растура не знам што. Одам кај постар мајстор, @Silvester може го знае Љаљо.

Ајде дете пали - ми вика.
Палам *3 секунди подоцна* Гаси дете, оди друг соодветен линиски нека ти сменат и ко нов ќе бидеш.
Со 800 ден и пола саат работа си поминав.

Отсутен kkirek

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #8 на: 06 Јануари 2021, 00:57:35 am »
Прво и основно да си смениш мајстор, побарај друго мислење.

Бев на друг мајстор и вика дека е замаецот или менувачот, а за да било кој мајстор даде конечен  заклучок, повторно треба да вади мотор, менувач и се комплет. И одговорот може да му биде ист, па по 4ти пат да менувам и после и тој мастор да незнае што е проблемот. Дали тоа да го направам? (и ќе го направам ако треба), но прашувам да не имал некој ваков сличен проблем па барем да знам да не е нешто друго (можеби не го монтира добро, друг лагер да не е.. и сл. мада тоа е цел сет коплет се се менува.
Страв ми е веќе и со друг мајстор низ истото да поминувам, а може друго е проблемот.  :-X

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #9 на: 06 Јануари 2021, 00:59:52 am »
Цитат
(во лер со пуштено квачило, а кога ќе го стиснам, звукот исчезнува).

Кај постарите коли ова значеше дека проблемот е некаде после замаецот.
Кај овие поновиве со варијабилни мајсторите изгледа се научија најлесно да си кажат замаец.
Скоро беше кога на еден член од форумов му рекле замаец а испадна анласерот...

Побарај второ, трето мислење.

Едит
Гледам веќе ти препорачале да смениш мајстор...
Немаш друго чаре, како тргнал мајсторот ќе ти ги смени сите делови од колата.

ПС
Од овакви работи ми е страв да давам совет да се купи половно наспроти нова кола па макар била и Типо.
« Последно менување: 06 Јануари 2021, 01:06:03 am Mikius »

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #10 на: 06 Јануари 2021, 01:05:31 am »
И топ тип - побарај го класниот, смени си корисничко име, не е баш пожелно лични податоци да имаш на видик :)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #11 на: 06 Јануари 2021, 01:06:55 am »
zamaec na 75K ? proveren u porsche ? nesto mi mirisaT tuka na poise nuli...

Zosto e smenet zamaec na 75000?
Koj go smenil?
Dali smenivte cel set ili samo zamaec?
I na krajot na kraistata, zosto povtorno si otisol kaj majstorot, koj stavil fiksen zamaec, da ti stavi varijabilen? Pa toj ne kje da e saglam...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен kkirek

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #12 на: 06 Јануари 2021, 01:07:10 am »
И топ тип - побарај го класниот, смени си корисничко име, не е баш пожелно лични податоци да имаш на видик :)
Го побарав, чекам одобрение  :-X

Отсутен kkirek

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #13 на: 06 Јануари 2021, 01:18:22 am »
zamaec na 75K ? proveren u porsche ? nesto mi mirisaT tuka na poise nuli...

Zosto e smenet zamaec na 75000?
Koj go smenil?
Dali smenivte cel set ili samo zamaec?
I na krajot na kraistata, zosto povtorno si otisol kaj majstorot, koj stavil fiksen zamaec, da ti stavi varijabilen? Pa toj ne kje da e saglam...
Да, цел сет е сменет.
Колата е возена градска вожња претежно и ја возела жена, ја проверив во порше и со сервисна книшка е до 73.000км. После купуваат друга кола, џип и голфот им останува, ги знам луѓето, но менуваат замаец не во Порше, туку кај друг мајстор од кого ми дадоа број како гаранција за замаецот(кој незнаев дека е фиксен) и тогаш ја купувам. Затоа отидов кај тој мајстор да му го рекламирам замаецот. После ова, се веќе пишав во претходниот пост.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: ГОЛФ 6 - ЗАМАЕЦ ПРОБЛЕМ
« Одговори #14 на: 06 Јануари 2021, 02:47:14 am »
Ne znam sto e problemot kaj tebe i dali voopsto imas problem, ama ne davam pari za zamaec po preporaka od majstor ako ne stoi zad kazanoto. Ako ne se resi problemot go teram da go vrati stariot i ne gleda pari od mene.

Taka eden clen po preporaka od nepismeni majstori ke menuvase zamaec na leon, na krajot izleze 1500 denari problem otkako mu skrenavme vnimanie da ne menuva zamaec dzabe.

Јас сум членот хах

Таа сторија беше малку подруго од ова, јас бев 50-50 со советите од мајсторите (механичари). Да ги слушав слепо, да не беше форумов, да имаше и други симптоми колата поврзани со сетот замаец и да не верував на интуицијата - ќе го променев.

Да не зборам што и ДВАЈЦА електричари тврдеа дека е замаецот, не бил анласерот. Среќа, бев упорен и третиот електричар ме реши за 1500 (му оставив и 1000 плус, ова го немам спомнато).