Дај да го избркаме Макс за да може Луис на раат и чисто да си извози како на прошетка.
Кога конечно гледаме лута борба за прво место на трките, некој бил лудак, зарем поубави беа трките кога само гледавме борби за петти, шести места?
И Луис имаше слични постапки за кои стјуардите го казнуваа, но никогаш не реков дека е лудак, дури и тогаш сметав дека се возачки инциденти во жилавата борба меѓу нив двајца.
Малку и стјуардите ја претеруваат, можеби под притисок од боксовите.
Како и да е, кој и да ја добие шампионската титула ќе биде сосема заслужена.
Лично сметам дека Луис повеќе ја заслужува.