Ова дава надеж за Редбул во текот на денешната трка.
Надеж?
Јас мислам дека трката е веќе одлучена со вчерашниот кикс на Хамилтон. Макс треба само да ја имитира пит-стоп стратегијата на Луис и – доколку не направи некоја грешка (што е малку веројатно бидејќи сезонава Макс вози шампионски-беспрекорно како машина) – победата му е мање-више загарантирана.
Најмногу на што може да се надева Луис е второ место, но и со подиум треба да части. „Прљавиот“ воздух низ параболика не му дозволува да се приближи доволно до мекларенот пред него, па ни со дрс не го стига на правецот.
Шпанија, Франција и Италија покажуваат дека „хај-рејк“ колите, каква што е редбулот, се помалку остетливи на прљав воздух и следствено полесно претекнуваат на правци после брзи кривини како напр. параболика. Да се обрне внимание дека вчера не само што Луис не можеше да го стигне Ландо, туку ни Ландо не можеше да го стигне Даниел, додека Ботас напред на чист воздух си правеше фастест лапови.