Ќе објаснував и јас за Сена али мислев дека на сите им е гледан документарецов, особено на оние што пишувваат во темава.
Значи...конкретно Сена го учука прост откако:
1.Претходната сезона на Сузука, согласно бодовната ситуација Прост ќе беше шампион ако Сена не заврши, а Сена ќе биде шампион само ако победи. Откако Сена се обиде да го помине Прост, се деси судар после кој Прост не можеше да продолжи, а Сена со помош на стјуардите се врати во трка ( 14-15 ти) и за мал број на кругови заврши прв (бикоз Сена). После трката беше казнет дека не се вратил на стазата од местото од каде што излетал ( пази, молим те), бодовите од таа трка му беа одземени, со тоа и победата во Сузука, а и шампионската титула. Капак - казна.
2.Следната Сезона исто така шампионот се одлучуваше во Сузука, само што овој пат, согласно бодовите, Сена стануваше шампион ако Прост не заврши. Сена на квалификациите имаше пол позиција.
Тогашниот ФИА директор Шан Мари Балестре (француз) после квалификациите ( повторувам ПОСЛЕ квалификациите) одлучи стартната позиција на трката да биде од другата (прљавата , невозената ) страна на стазата која на првата кривина го фаворизира второпласираниот Прост.
Сена направи тоа што секој би направил после се ова погоре.
Шумахер никогаш за мене не бил најбољи,иако статистички (како и Хамилтон) е меѓу најдобрите.
Заради него престанав да следам Ф1 едно време.
Потегот против Вилнев му беше многу буљашки.
И покрај се, Сена после 30 години е обожаван од цел свет и од секој Ф1 пилот (со се Шумахер и Хамилтон)признаен за најдобар на сите времиња, додека Хамлтон сеуште вози и покрај сите титули и го свиркаат на пресови.
Факти или мислења, како сакаш врти..реалноста е таа и има причина зошто е таква и треба да си при очи слеп да веруваш дека е тоа заради тоа што не бил белец.