Норис е млад и ќе научи кога се игнорира, а кога се слуша питволот. Тоа си иде со искуството.
И Хамилтон прво рече „не“, но кога му рекоа уште еднаш отиде во бокс.
И све ми се чини дека ако Ландо влезеше за интерс веднаш кога го викнаа, ќе имаше шанса да биде прв, т.е. ќе искочеше пред хамилтон.
Исто така, ми се чини дека Ботас беше љут што го ставија најотпозади и дека намерно „не мрдна со прст“ да ги успорува редбулите. Всушност, ако добро памтам, не претекна никого или речиси никого. Мислам дека од инат. Да не го опнеа позади со промената на моторот, најверојатно денес ќе беше на подиум, а со оглед на криминално лошиот старт на Луис, ништо чудно и прв да завршеше.
Вистинскиот победник на денешната трка е, всушност, Макс. Можеби токму ова второ место ќе биде клучниот резултат којшто од него ќе направи шампион годинава.