Малку повеќе го запоставив форумов и сега си ја гледам темава за колава, поминале повеќе од 7 месеци од последниот update
Ама од друга страна пак, колку помалку пишување (за дефекти
) толку подобро нели?
Ако некој го интересира, еве некои новости:
Во изминативе 7 месеци 2 пати бев на мајстор, а скоро можда ќе треба да одам пак
Иако не се премногу загрижувачки дефектите. Имено, летото, август месец, баш кога за 2 дена требаше татко ми да ја земе за да одат Пештани на неколку дена, ми падна стаклото од шоферската врата, внатре во вратата. Средено со нов механизам и раб. рака, за 1400 ден.
Следна работа што се случи беше некоја сложена гумица (со изводи со чуда) од системот за ладење, од каде почнало да капе антифриз. Дотурив 1 л. за да откријам дали сигурно тече, пошто отпрвин не бев сигурен мислев да не е сензор за темп. па за тоа свети ламбичето на таблата. Баш пред зимава се случи ова, ноември месец. Средено за 700 ден (нова гумица + р.рака).
А следно за што ќе треба да барам чаре е гепекот. Вратата не ја држат амортизерите, а тоа се случи од ко фатија поларните темп, -20 и кусур. Се надевав дека со затоплувањето ќе проработи ама ништо. Изгледа ќе треба нови амортизери. Да не случајно некој му се најдуваат да продава или пак знае некој што продава? На фб продава една фирма Tehno-del, ги прашав, 900 ден двата од некоја марка LIFT со 1 год гаранција.
Зимски гуми не купив, јбг не останаа доволно пари а не сакав да земам ефтини гуми ама па и не ја возам кога има снег и посебно на јаки минусни темп така да не е страшно, здравје на есен може да се земат. Следно ми е во март месец регистрацијата, првата недела, се надевам ќе излезе уште некоја стотка поефтина од претходната
П.С. И да си кажам дека летните гуми кои ги купив лани одлично се покажуваат во употреба
П.П.С А да, купив и нови бришачи, ефтини некои 350 ден, ми скурчи да менувам гумици, а и не чинат, првите од џамбо за 90 ден добри беа, една година и повеќе издржаа, а вторите од макпетрол, за 100-ка демек италијански квалитетни, не поминаа 2 месеци, партали.