Автор Тема: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp  (Прочитано 12057 пати)

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« на: 04 Мај 2015, 21:08:15 pm »
Од пред некој месец сум член на форумов и искрено ми се допаѓа да читам за коливе. Порано не ме интересираше многу али не знам ете од скоро време ми дојде желба да ги проширам интересите и знаењата и во овој дел од техниката.
Видов дека има дел кај што секој може да си ја претстави колата, па еве и јас дојдов на ред.
Значи, се работи за Голф 4-ка тди, 90кс од 1998 или како што некои ќе речат, најдобриот мотор од Фолксваген групацијата, а воедно и како модел ми се чини најувезуваната и највозена кола кај нас  ;D




Колата ја зедовме од Битола, пред нешто повеќе од 2 години, а претходно 2011 била увезена од Германија. Има поминато моментално околу 157 000 км. Кога ја зедовме со околу 149 000, проверката на компјутер покажа толку, а и мајсторот кажа дека наводно не биле враќани. Јас секако не верувам али не ми е ни битно. Битно ми е како колата се однесува, а досега за 2 години и околу 8000 км поминати, се покажа многу добро па и  не ми е ни важно дали има 150 000 или 250 000 км...
Од опрема има:

- Електрика на стакла, напред и назад
- Електрика на ретровизори, ваљда имало, ама копчето е изгледа скршено така да нема  :D
- Затемнети стакла, со атест
- радио со CD Кenwood
- ABS
- централно заклучување
- Airbags (возач и совозач)
- recaro седишта
- алуминиумски бандажи, 16-ки

клима НЕМА и знам дека доста оттука можда ќе ме критикуваат али тогаш имавме ептен ограничен буџет за купување кола така да не ни беше важно дали има клима или нема.
При купување, првата проверка на компјутер не покажа никакви проблеми, дури мајсторот ми рече: последните 100 км ти се со 4.8 л/100км потрошувачка  :D разлика небо и земја со претходниот стокец, ама нели и затоа ја баталивме таа и го зедовме голфот.  :P

Што досега имам сменето/сервисирано:

- Ксенон светла, пошто старите прегореа и онака. околу 3000 ден.
- сензор за ABS, 1000 ден
- првиот сервис одма кога ја зедовме: манжетна на полуосовина, манжетна друга, водна пумпа Аиртекс, ребраст каиш Гатес, затегачи Ина. 5-ти штрафови за тркалата, сето заедно 10 500 ден.
- нов акумулатор, White Horse 74 Ah 3700 ден.
- На 153 300 км сменето масло во мотор, филтри маслен и воздушен и дотурен антифриз, не знам точно цена колку беше ова, али отприлика по сеќавање околу 2500 ден.
- сменет штраф на носач на мотор, 1000 ден.

За во иднина планирам некои корекции на каросеријата, ако се можни секако и освежување на бојата, полирање итн...не знам што точно треба и дали е истото изводливо, пошто реално колата има гребаници, мала рѓа на поедини делови, не е идеална, али тоа е данокот на кола 17 год. стара, затоа и секој ден истражувам пазар, да бидам колку толку подготвен за кога ќе ми се укаже шанса, за година-две можда, да си земам нешто поново.

Најбитно засега е што ме вози за ефтини пари  :D
« Последно менување: 11 Мај 2015, 09:04:49 am bobimk »

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #1 на: 04 Мај 2015, 21:16:09 pm »
добродојде и со здравје да си ја возиш, убаво количе и едно од највозените кај нас , инаку за полирање и за хемиско ете ти го те-ен во комшии ......

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #2 на: 08 Мај 2015, 14:44:20 pm »
Свежо перена  8) Инаку многу се валкаат црниве упм, следен пат боже здравје, ќе си купам сива/сребрена/бела.

« Последно менување: 08 Мај 2015, 14:50:52 pm bobimk »

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #3 на: 08 Мај 2015, 15:10:55 pm »
некојпат си викам... само јас ли сум тука шо се нема возено у голф никојпат??
иначе, фина кола. ке га шутнеш само кога ке ти здосади, а да ти цркне нема да дочекаш.
Уште нешто, и бандажите се менети, некак ного големи тркала... 15ки чинам поарно ке и стојат,  и друг профил на гуми, и не, добра ти е црна, сребрени има колко сакаш...

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #4 на: 08 Мај 2015, 16:21:56 pm »
I jas se nemam vozeno vo golf4 ne si edinstven..:):):)

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #5 на: 08 Мај 2015, 18:12:51 pm »
некојпат си викам... само јас ли сум тука шо се нема возено у голф никојпат??
иначе, фина кола. ке га шутнеш само кога ке ти здосади, а да ти цркне нема да дочекаш.
Уште нешто, и бандажите се менети, некак ного големи тркала... 15ки чинам поарно ке и стојат,  и друг профил на гуми, и не, добра ти е црна, сребрени има колко сакаш...
Така ја купив. со 16-ки бандажи и 2 пара гуми, што ќе правиш...

Иначе еве на овие слики може да се видат тие недостатоци, кои на црно уште полесно се забележуваат... поголеми и помали гребаници, точки итн...а да не зборувам за оние swirls или како и да се викаат кои се гледаат кога ќе насочиш светлина на површината. Мене не ми сметаат нешто посебно, битно ми е пали-вози али ако може да се среди за не многу пари, зошто да не. Полесно ќе се продаде  :P



« Последно менување: 08 Мај 2015, 19:25:12 pm bobimk »

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #6 на: 08 Мај 2015, 20:24:38 pm »
па од претходниот сопственик ги менувал бандаживе,  как и да е, се познава дека е изгребана, ама мене ми се ареса црна. а тие ситници може да се поправат, ке се нашминка малко как нова ќе е. :D  и пази там нис Прилеп ного лудо возат. често одам, и секојпат ме фаќа страх кога треба низ град да возам или не дај боже пешки, да треба пешачки да преминеш. :D :D

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #7 на: 08 Мај 2015, 21:36:09 pm »
па од претходниот сопственик ги менувал бандаживе,  как и да е, се познава дека е изгребана, ама мене ми се ареса црна. а тие ситници може да се поправат, ке се нашминка малко как нова ќе е. :D  и пази там нис Прилеп ного лудо возат. често одам, и секојпат ме фаќа страх кога треба низ град да возам или не дај боже пешки, да треба пешачки да преминеш. :D :D
Навикнат сум јас, него повеќе ме плаши тоа што цел град е раскопан, нема улица да нема дупки со по 7-8 цм длабочина или пак цела улица да е сечена заради интервенции на водоводна или кабелска мрежа па после сето тоа затрупано со земја и камчиња, асфалт...не е измислен уште. Да му е грев на човек да излезе во град со кола, ќе ја испокрши.

Него дупките на страна, често и крадат мамето нивно. Напред страничните пластики долу, два пати ми ги крадеа. Првиот пат си купив, вториот пат не, па така ја извадов  и таа една што ми остана, за украс си ја чувам в гаража. Исто и антената ми ја украдоа, па имам потешкотии за користам радио, се губат станиците. Еднаш бев паркиран под дрво, башка и ноќе, со девојката си седиме, онака пред испраќање, кога едно типче полека полека се доближува до колава и се наведнува кај предното тркало, изгледа цел му беа капачињата со VW на бандажите, чув дека се продавале по 300 ден, ко му отворив врата, кога пребледе еј хахаах, штета што бев дотеран по фармерки, кошула, чевли...не ми се трчаше инаку ќе го бркав. Оттогаш паркирање, строго на паркинг, со пари и  под светло. Него маката е за дома пред зграда...една гаража имаме а 2 коли :P и пошто на татко ми бравата не му е во ред, па мора тој неговата да ја става в гаража, а голфчето си дреми надвор :(

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #8 на: 09 Мај 2015, 19:17:34 pm »
Брее и тава ли го има  :S   значи кога одам за Прилеп, директ у дворо, клуч на порта и за низ град пешки... иначе за копање, кога и да одам се некоја улица прават, преправат. Ти од Прилеп си така?

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг:
« Одговори #9 на: 09 Мај 2015, 23:54:48 pm »
Дa :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #10 на: 10 Мај 2015, 07:14:24 am »
Фино Голфче !

Еден третман полирање кај ТЕ-ЕН и ке ја засакаш црната боја ;)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #11 на: 10 Мај 2015, 10:06:11 am »
Mi se dopagjat bandasite ubavo lezat na kolava

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #12 на: 09 Јуни 2015, 22:36:33 pm »
Зедов едно средство за кокпит (пластика на ентериер итн.) италијанско 220 ден од Веро и малку ја освежив, по надворешното перење секако. Огромно е, со гратис количина мислам, има со различен мирис, моето е со зелено капаче, арома на планина, бор...
Ме интересира со ваквите средства, само се прска и така се остава или треба да се пребрише? Пошто мислам дека ако се брише како скоро џабе да си го ставил, ќе има мирис ама нема да си ја заврши функцијата на освежување, светнување и заштита на ентериерот.

Аххх..кога го гледам вака чисто голфчето, не ми се дава така лесно некако, изгледа ќе си го возам уште 2-3 год секако, за поново само под услов да потсоберам пари.



Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #13 на: 09 Јуни 2015, 23:24:31 pm »
Колку што јас се разбирам - треба да се пребрише.
Навистина, највозена и најувезувана кола кај нас. Вака убаво изгледа. Едно полирање, евентуално префарбување на најкритичните делови и терај!

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #14 на: 16 Ноември 2015, 21:40:53 pm »
Пред една недела направено редовно сервисче, после 2 години од претходниот сервис и поминати околу 7500 км.
Сменето масло во мотор, исто како претходното, ЕУРОЛ, 10-40, 1800 ден. Колата одлично си се однесуваше изминативе 2 години со ова масло па не гледав потреба да се менува брендот. Инаку станува збор за масло од Холандија. Потоа сменет маслениот и воздушниот филтер, ставени нови од Vasco Filters. Двата заедно беа 700 ден. И уште 300 ден ми зеде мајсторот за рака и една општа проверка: мењач и масло (сосем малку дотурено, подмачкано), проверка на компјутер (се е во ред), за кочниците имало некое цревце откачено, се врати во нормална положба и одма се осеќа на кочниците :), возење на отворено 5-6 км, проверка на предница (во одлична состојба) и проверка на антифриз (до -28 може да оди, не мораше ни да се дотура, таман си беше нивото). Значи се на се 2800 ден и спремен сум за зимата. Уште да му ги ставам зимските гуми. Постари се ама ќе помиинам со нив, не ја возам секако кога има снег. Здравје на пролет планирам дотерување на каросеријата и полирање и нови летни гуми :)






Перена пред некој ден, летниве температури за гнаса ја направија. Сега ќе купам некои средства од МаФра да ја средам убаво внатре и да си ги вратам навлаките кои беа на перење  ;D