Автор Тема: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp  (Прочитано 12060 пати)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #15 на: 17 Ноември 2015, 21:39:03 pm »
 Убаво си ја одржаваш  :P

Отсутен ac-ko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #16 на: 17 Ноември 2015, 22:01:16 pm »
Убаво си ја средил , со здравје да ја возиш

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #17 на: 18 Ноември 2015, 11:41:54 am »
18 години кола речиси...уште изгледа актуелно. Ретко која кола да го изведи ова.

Само една работа ме нервира кај VW, што ги има на секој ќош. За друго немам замерки :)

Крај краева тоа е најмалку битно.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #18 на: 18 Ноември 2015, 19:48:43 pm »
Убаво си ја одржаваш,  си ја чуваш, еве доказ дека годините не ѝ можат ништо на колата ако сопственикот си ја сака доволно...  врие од голфови слагам се, ама само вака чуваните ќе опстанат.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #19 на: 03 Јуни 2016, 20:06:36 pm »
Вчера купени и монтирани нови летни гуми Uniroyal Rainsport 3, 205-55-16, 15800 ден со вклучена монтажа и балансирање. :D




Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #20 на: 03 Јуни 2016, 20:08:04 pm »
Перверзна шара има гумава. Стави повеќе слики кога ќе можеш со свртено тркало и слично. Страшна гума.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #21 на: 03 Јуни 2016, 20:36:58 pm »
Перверзна шара има гумава. Стави повеќе слики кога ќе можеш со свртено тркало и слично. Страшна гума.
Ќе ставам сигурно деновиве. Ова од денеска дека ја перев. Па по 1 сат дожд заврна ебати баксузот.
Инаку гумиве се чини се доста добри, сите ги испофалија и продавачот и вулканизерот. А и на интернет има сегде одлични препораки, пред се за услови на дожд, А ознака има. Не за џабе се Rainsport модел :) Прво бев за Ханкоок ама пријател ме премисли откако ми кажа дека наводно тука повеќе не носеле директно корејски оригинали, туку кинеско производство. Uniroyal-ов се амерички бренд, дел од Michelin групацијата, а гумиве се маде ин Португал. Во секој случај подобра комбинација :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8691
  • Пичлеме
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #22 на: 03 Јуни 2016, 21:02:49 pm »
Hankook во Stop & Go се од Унгарија, не Кина.
Чисто информативно ме интересира шо им значи ова: Shark skin technology на Uniroyal (ме мрзи да гуглам).
Со здравје да се возат, стварно добра шара.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #23 на: 03 Јуни 2016, 21:05:52 pm »
Точно, во Унгарија е една од најголемите фабрики на Ханкок и сите се made in hungary во stop&go вклучувајки ги и моите зимски што ги имам од таму купено. Пријателот лошо те излажал, односно толку знаел. Според мене немало да згрешиш воопшто со Ханкок ама тоа е.

Иначе овие униројал чудна шара ми имаат некако, како си задоволен засега?

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #24 на: 03 Јуни 2016, 23:34:06 pm »
[Uniroyal-ов се амерички бренд, дел од Michelin групацијата, а гумиве се маде ин Португал. Во секој случај подобра комбинација :)

Uniroyal во Европа се бренд на Continental. http://www.uniroyal-online.com/generator/www/start/uniroyal/index_uniroyal_uv.html прочитај ја ознаката долу десно.
Uniroyal во Северна/Јужна Америка се бренд на Michelin.
Uniroyal во Австралија се под Bridgestone.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_tire_companies
Потпис.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #25 на: 04 Јуни 2016, 00:26:10 am »
Точно, во Унгарија е една од најголемите фабрики на Ханкок и сите се made in hungary во stop&go вклучувајки ги и моите зимски што ги имам од таму купено. Пријателот лошо те излажал, односно толку знаел. Според мене немало да згрешиш воопшто со Ханкок ама тоа е.

Иначе овие униројал чудна шара ми имаат некако, како си задоволен засега?
2 дена ги имам само и низ град имам возено. Се осеќа подобрување. Малце подврна денеска па пробав како кочат на влажно. Добро се покажаа. Утре одам за Струмица, 300+ км пат па ќе видиме како ќе биде.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #26 на: 08 Февруари 2017, 08:23:28 am »
Малку повеќе го запоставив форумов и сега си ја гледам темава за колава, поминале повеќе од 7 месеци од последниот update :) Ама од друга страна пак, колку помалку пишување (за дефекти  :D) толку подобро нели?  ;D Ако некој го интересира, еве некои новости:

Во изминативе 7 месеци 2 пати бев на мајстор, а скоро можда ќе треба да одам пак :(  Иако не се премногу загрижувачки дефектите. Имено, летото, август месец, баш кога за 2 дена требаше татко ми да ја земе за да одат Пештани на неколку дена, ми падна стаклото од шоферската врата, внатре во вратата. Средено со нов механизам и раб. рака, за 1400 ден.
Следна работа што се случи беше некоја сложена гумица (со изводи со чуда) од системот за ладење, од каде почнало да капе антифриз. Дотурив 1 л. за да откријам дали сигурно тече, пошто отпрвин не бев сигурен мислев да не е сензор за темп. па за тоа свети ламбичето на таблата. Баш пред зимава се случи ова, ноември месец. Средено за 700 ден (нова гумица + р.рака).
А следно за што ќе треба да барам чаре е гепекот. Вратата не ја држат амортизерите, а тоа се случи од ко фатија поларните темп, -20 и кусур. Се надевав дека со затоплувањето ќе проработи ама ништо. Изгледа ќе треба нови амортизери. Да не случајно некој му се најдуваат да продава или пак знае некој што продава? На фб продава една фирма Tehno-del, ги прашав, 900 ден двата од некоја марка LIFT со 1 год гаранција.

Зимски гуми не купив, јбг не останаа доволно пари а не сакав да земам ефтини гуми ама па и не ја возам кога има снег и посебно на јаки минусни темп така да не е страшно, здравје на есен може да се земат. Следно ми е во март месец регистрацијата, првата недела, се надевам ќе излезе уште некоја стотка поефтина од претходната  ;D

П.С. И да си кажам дека летните гуми кои ги купив лани одлично се покажуваат во употреба  ;)
П.П.С А да, купив и нови бришачи, ефтини некои 350 ден, ми скурчи да менувам гумици, а и не чинат, првите од џамбо за 90 ден добри беа, една година и повеќе издржаа, а вторите од макпетрол, за 100-ка демек италијански квалитетни, не поминаа 2 месеци, партали.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #27 на: 08 Февруари 2017, 09:21:48 am »
Ништо страшно.

И мене хаубата не ми ја држеа амортизерите на -20*. Сега ја држат.
Можно е и кај тебе да се стоплат и оправат. Остај да одлежи проблемот  ;D

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #28 на: 25 Јуни 2018, 23:18:14 pm »
Бујрум, колата се продава! Објавена е на Реклама5, веројатно утре ќе се појави огласот во пребарувањата. :D

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Volkswagen Golf MK4 1.9 TDI 90hp
« Одговори #29 на: 12 Јули 2018, 23:05:17 pm »
Колата е продадена! Верно ме служеше 5.5 год :) Со среќа да си ја возат и новите сопственици и нив да ги служи уште долги години :)

Може клуч на темата.