Краток вовед:
Август 2020 си купив Opel Astra G Bertone 1.8, колата нема никаков проблем, па брзо ми досади.
Затоа решив да си купам нов проблем - Vectra A 2000 со изминати
460.644km во моментот на купување.
Основни спецификации:
Каросерија: Седан/лимузина
Боја: Мат сина
Мотор: 16v inline-4 - C20XE
Гориво:
Бензин/LPG
Compression Ratio:
10.5:
1Моќност: 150 PS (148 bhp - 110 kW) @ 6000 RPM
Вртежен момент: 196 Nm (144 lb.ft) @ 4800 RPM
0-100 km/h:
8.5 secTop Speed: 217 km/h
Менувач: 5 брзински - мануелен
Произведена:
1990Опрема:
ABS,
серво,
електрика на сите 4 стакла,
електрика на ретровизори,
електричен сончев кров,
дигитална инструмент табла (+ притисок на масло и напон од алтернатор),
борд компјутер.
Импресии од колата:
Моторот делува одлично, нема непријатни звуци, снагата се осеќа иако плинот е обичен од најстарите системи и е намален со цел да не предизвика детонација.
Каросеријата е партал, алармантна корозија поготово на задниот дел (полумесеци, гепек)
Подвозјето е во одлична состојба, нема тропкање крцкање и слично. На скопските улици ми е поудобна од астрата.
Цел:
Идеата ми е да ја користам како магарица - beater car, т.е. со минимален влог да поминам што повеќе километри. Најприоритетно ми е менување на масло и филтри, а веднаш потоа да се оспособи бензинот (во моментов функционира само плинот).
Зошто баш Vectra A 2000:
Перформансите на моторот и body-китот. Мислам дека е најефтина кола на пазарот со тие перформанси.
+ личи дека ми е оставена во наследство од дедо ми. (Е46 318d пазете се на семафори!!)
Дополнително имам еден тон ситници и резервни делови од калибрата што одговараат и на вектрата.
Вкупен влог (ќе биде ажурирано):
41.500 денари за автомобилот со се нотарски трошоци.
Во прилог неколку слики:



