Дисциплини:
Аркадна трка на повеќе возила при што нема правила. Секој си држи правец забрзува колку што може и на одредено место се кочи, кој ќе го направи целиот процес у најкратко време е победник. Најдобро е оваа трка да се изведува у парови каде што победникот ќе иде даље.
Соло Слалом трка од точка А до точка Б. Победник е оној кој стазата ќе ја пројде најбрзо и со најмалце пенали.
Дрифтање слободен стил каде победник ќе биде оној кој ќе направи најдобри пируети односно оној кој највеќе ќе ги импресионира членовите.
Вртење под ручна, такмичарот се улетуе колку што може, дига ручна врти пун десни или леви и победник ќе биде оној кој ќе направи највеќе кругови или окретај со највечи агол.
Мерење на забрзање, секој член ќе може да се проба на претходно одредена дистанца колкава најголема брзина може да постигне притоа да не се слупа у аутобусите на Млаз Богданци.

Победник е оној кој прв ќе стигне до целта, оваа дисциплина се разликува од првата по тоа што кочењето не се мери.
И последна дисциплина е кочење. При одредена брзина на одрдедена точка ќе треба да ја оптерети кочницата, оној на кој ќе му треба најмала дистанца е победник. Незнам само како ќе ја синхронизираме брзината, односно секој учесник да вози со иста брзина.
Специјална дисциплина за А ЕС ИКСОТ на Спортекс и Јетито на Ате:
Рушење Снешко Белчовци
Секој член ќе треба да направи по еден снешко и истите Спортекс и Ате да ги срушат
Потоа специјална комисија ќе го прогласи победникот каде основен елемент за оценување ќе биде оштетувањето на возилото. Оној кој ќе има помало оштетување тој ќе биде прогласен за победник.
Напомена: Дозволено е турање камења у Снешковците наменети за Спортекс