Сакам да основам сајт за донации за чичко Дионис.
Генералната идеја е да се продолжи наследството, но лично не би ми сметало ако неговата фамилија ги троши следствата за сè друго што им е потребно, исто така.
Знам дека ова може и на фецесбук и сето тоа по ред, но:
- сакам да направам соодветна презентација
- да се оддаде чест прописно, со биографија, галерија и други моменти важни за каузата
- да има едно место каде што во секој момент може човек да посети и да се информира, за да донира
Немав чест да го запознаам лично, па ако има некој контакт да помогне да дојдеме до информации каде и како би се праќале средства.
Јас би избегнал телефонски донации, наместо тоа - само со банкарска сметка.
Ќе се консултирам во банка за истото, само би ми требало помош за контакт со фамилијата.
Дајте мислење/идеи за ДА или НЕ, надоградби на ова или нешто трето...
Од технички аспект:
- имам сè што е потребно за отпочнување домен + хостинг и изведбата
- фотографии што не можат да се најдат онлајн се од драгоцена вредност во случајов