За изглед да, жалосно е враќање на стд спирали, ама човеков си ја вози ко фамилијарна кола. Немаме патишта за спуштени коли ние.
@MartinAlfista знае колку беше алармантна ситуацијата, и да ми е за дејли драјв, да ми седи како трофеј само може и не би мењал ништо, али вака не оди.
Пробај откриј зошто е така. Јас возам спуштени коли, веројатно откако возам
Освен шусплехот што знае некој отвор Можда некој H&R или Eibach сет пружини подобро ќе се снајде со стандардните амортизери откоклу KYB пружините. Или може да побараш некои амортизери кои подобро ќе работат со KYB пружините. Вака на изглед, не е нешто претерано ниска...
Верувај премногу е ниска, камче од 2цм високо “го зедов меѓу” фати на спојлер под браник што е и кој знае што испод.. али и вожњата е ловење на дупки и вдлабнатини пред мене, фокусот е на тоа појше од потребно..
Можеби не сум навикнат ама мислам дека после, откако ќе се сменат ќе биде подобро, ќе видиме...
Јас ти верувам дека нешто не е ко што треба за нашиве патишта, само и ти мене верувај ми дека има нешто згрешено у сетапот
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Добар сетап нема да влијае толку ни на удобноста ни на поткачувањето. Види кој модел на KYB се пружините, види дали се за твоето ауто (да не испадне дека се за тојота камри), Провери колку спуштаат од фабричкиот сетап. Повеќе од 40mm за нашиве патишта не е добро. Види дали е уште со фабричките амортизери, лексус је лексус, ама македонски патишта се македонски патишта, амортизерите си имаат рок на траење. „Издишани“ (извозени) амортизери и тоа како влијаат на удобност и на фаќање на дупки. Со стилото непосредно по промена на пружините почнав да фаќам на напречни нерамнини на асфалтот (надолжните од автобуси не ги ни есапам, газам по бреговите секогаш), но се надмина проблемот со нови апгрејдувани амортизери.
Не секоја сет за спуштање е подеднакво добар за секоја кола, На пример, за некои автомобили H&R подобро се покажале од Eibach, и обратно. Најдобро е да се земе сет со амортизери, но ако немаш можност наеднаш да купиш, тогаш може да земеш пружини кои се наоѓаат во соодветниот сет. На пример, моите Eibach се дел од Bilstein B12 Pro Kit, сетапот, па здравје кога ќе земам B8 Bilstein амортизери, ќе биде комплетиран како што треба, со уште подобар хендлинг и квалитет на амортизација. Само јас можеби ќе отидам на Koni Sport Adjustible, некако ми се допаѓа моментот да може да го контролирам дампингот по желба.
Има илјада фактори, спуштањето кај тебе очигледно не е како што треба, штом избегнуваш нерамнини и ти фаќа и на најмала „
ондулација“ . Прво прочитај по форуми европски и амерички (види енглезите што препорачуваат за спуштање на твојот модел на лексус, пошто они имаат прилично лоши патишта, не како нашите, ама сепак не се ко Франција и Германија), па од нивните искуства види дали ќе го фатиш патот на спуштање повторно. Мада не верувам. Сеа ќе си ги стаиш фабричките и ќе си кажеш „ова е иљада пати подобро од спуштена“, иако не е проблемот во тоа што е спуштена, него што е спуштена веројатно погрешно (или најефтино).