Минатиот викенд решив да се занимавам со Фордот односно со лепење/китирање и фарбање на задниот браник. Имаше доста работа бидејќи браникот беше исчукан и испукан на неколку места, а и претходно бил китиран.
Си отворив повеќе работа од што мислев и завршив за 2 дена. Многу време ми одзеде лепењето на пукнатините и шмирглањето (рачно).
Фарбање со боја во спрејови, по шифра, купени од Суна во Охрид. Цена 500 ден. од спреј, истрошив 2 и пол спрејови. Комплет со кит, шпакли, шмиргли, лак ме чинеше околу 3000 денари.
Со цени за фарбање од 100 евра по браник, сметам дека вакво нешто не се исплати да се прави во домашни услови, особено не на толку голем браник.
На крајот ја зезнав работата со лакот, ми снема на сред работа, а нигде немаше да се купи дека празник. Некој друг викенд ќе јаде 2000рка шмиргла и лак од ново.
Лепење
Искитирано, спремање пред шприц кит
Шприц китот нанесен
Фарбање
Краен резултат