Автор Тема: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002  (Прочитано 12470 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #30 на: 19 Јуни 2021, 21:49:07 pm »
Сменети денес 2 задни спирали Bilstein и 2 задни буфери Febi на Фордов. Се крена колата за 3-4cm од позади. Едната стара спирала се скина при удар во дупка и го откорна и буферот.

Сега дреме задницата, не спие бидејќи и гумите на заден трап се веќе скоро заминати. Амортизерите се добри, немало потреба од менување сеуште, ги проверив и на технички.

Пред неколку месеци ги сменив и гумиците на балансштангла, го извадија успешно скинатиот штраф.


Следно е промена на рачна кочница, сајли за рачна кочница, репарација на заден лев кочионен цилиндар, предни дискови и плочки и задни плочки. Друго ќе си јави со време.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #31 на: 20 Јуни 2021, 17:44:21 pm »
Сменети свеќици инцидентно, Bosch Double Platinum HR7DPP332V, 700 ден. парче.

Ги отворив да ги видам свеќиците, ко ги видов ми беше шубе да ги вратам. Поубаво да не ги гледав...  ;D

Ебати старудијата.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #32 на: 11 Јули 2021, 16:32:29 pm »
Поминавме со Фордот една тура од 800km од Охрид до Ксамил и назад преку Дерми. Среќа не прегреа на угорниците. :D

Но сепак немаше да е интересно ако не јави нешто, така што на враќање пред Елбасан малку беше чуден кумплунгот, и по некое време на угорниците почна да трепка сијаличката за кочници поради намалено ниво на глицерин. Дотурив глицерин и стигнавме дома.

Денес под колата локва глицерин, тече од менувачот. Претпоставувам отиден хидрауличен друк лагер. Проблемот е што ако веќе се отвара менувач си повлеквит сет ламела потисна, што е пола од вредноста на возилото...

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #33 на: 11 Јули 2021, 16:42:46 pm »
Поминавме со Фордот една тура од 800km од Охрид до Ксамил и назад преку Дерми. Среќа не прегреа на угорниците. :D

Но сепак немаше да е интересно ако не јави нешто, така што на враќање пред Елбасан малку беше чуден кумплунгот, и по некое време на угорниците почна да трепка сијаличката за кочници поради намалено ниво на глицерин. Дотурив глицерин и стигнавме дома.

Денес под колата локва глицерин, тече од менувачот. Претпоставувам отиден хидрауличен друк лагер. Проблемот е што ако веќе се отвара менувач си повлеквит сет ламела потисна, што е пола од вредноста на возилото...

Е јеби га брате. То е.
SetKvacila Rs :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #34 на: 11 Јули 2021, 18:07:07 pm »
Со помин нека е, без нервози, среќа си стигнал дома.

Додуша и рутата што си ја одбрал била албанскиот pikes peak ако си возел од Ксамил до Дерми ;D Тоа ме потсети да си купам глицерин за секој случај.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #35 на: 11 Јули 2021, 18:37:08 pm »
Со помин нека е, без нервози, среќа си стигнал дома.

Додуша и рутата што си ја одбрал била албанскиот pikes peak ако си возел од Ксамил до Дерми ;D Тоа ме потсети да си купам глицерин за секој случај.

Ксамил - Дерми - Валона преку Логара преминот за назад го возев, за натака преку Ѓирокастер. Земи си и антифриз/дестирилана вода за секој случај. :D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #36 на: 16 Јули 2021, 17:33:42 pm »
Колата вратена во форма.

Нов сет потисна ламела MecArm, нов друк лагер Valeo и половен оргинален замаец. 18800 ден. комплет делови и работна рака.

Инаку старата ламела беше истрошена до нитни, мазна ко огледало. Замаецот целиот со пукнатини од топлина. Ме чуди како не пролизгуваше.
« Последно менување: 16 Јули 2021, 18:04:48 pm DimitarMK »

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #37 на: 16 Јули 2021, 21:29:13 pm »
Одлично, не ги жали парите, битно си стигнавте безбедно во Македонија и се среди.

Пристојна цена, дефинитивно, ако е тука вклучена и работната рака. Со здравје нека се вози! Ме замисли дефектот бидејќи и јас си имам мака со педалата за куплунг, ама пробувам да не го мислам  ;D.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #38 на: 17 Јули 2021, 10:13:48 am »
Колата вратена во форма.

Нов сет потисна ламела MecArm, нов друк лагер Valeo и половен оргинален замаец. 18800 ден. комплет делови и работна рака.

Инаку старата ламела беше истрошена до нитни, мазна ко огледало. Замаецот целиот со пукнатини од топлина. Ме чуди како не пролизгуваше.

Сосема ОК цена. Не ги жали парите. Имаш кола што те служи.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #39 на: 17 Јули 2021, 15:45:44 pm »
Реално ме служи, поминав 12000km за 10 месеци.

Сега е путер, вибрациите се намалија и некако моторот помирно работи поради замаецот, нема чудни звуци во место кога работи. Нема нити удари при давање на туража во возење.

Инаку мајсторот при расклопување на предницата примети дека летвата не била заштрафена од една страна.. Затоа се тресеше воланот при удар во дупки.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #40 на: 18 Јули 2021, 02:20:31 am »
Имам чувство дека не ти е по мерак колава.
Мене ми изгледа за perfect beater car, да си правиш мерак.

Јас што би направил да сум на твое место.

Среди сѐ што можеш механика.
Подвозје, амортизерите - репарирај ги, предница смени комплет дури и гумици на балансштангла 😁
Задницата исто комплет, чаури маури.
Кочници комплет.
Смени црева/цевчиња од систем за кочење (скапани се најверојатно и ќе те остави на сред пат)
Провери/смени лагери.
Клима/ладење на колата, смени црева колку што можеш.

Со некој буџет (тропам) од 1000 евра имаш спремна кола за патување низ цела Европа.

Да колата ти вредела 1500...си вложил толку ама имаш сигурно возило, спремно за на пат и направи си една авантура.

Нешто слично направив и јас ама можев многу повеќе.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #41 на: 18 Јули 2021, 22:23:38 pm »
Не ми е dream car за да ми е по толку по мерак.. :D

Како ја возам така средувам по нешто, следно во план се кочниците и предница. Сега со промената на сетот во менувач има возење уште во колава, а продажна вредност нема така да се исплати да ја возам дур да соберам за стварно поново возило, да ја сменам за кола од 4-5000 ЕУР нема баш поента, и по неа ќе има давање пари каква и да е.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #42 на: 07 Август 2021, 18:51:18 pm »
Минатиот викенд решив да се занимавам со Фордот односно со лепење/китирање и фарбање на задниот браник. Имаше доста работа бидејќи браникот беше исчукан и испукан на неколку места, а и претходно бил китиран.

Си отворив повеќе работа од што мислев и завршив за 2 дена. Многу време ми одзеде лепењето на пукнатините и шмирглањето (рачно).

Фарбање со боја во спрејови, по шифра, купени од Суна во Охрид. Цена 500 ден. од спреј, истрошив 2 и пол спрејови. Комплет со кит, шпакли, шмиргли, лак ме чинеше околу 3000 денари.
Со цени за фарбање од 100 евра по браник, сметам дека вакво нешто не се исплати да се прави во домашни услови, особено не на толку голем браник.  :)

На крајот ја зезнав работата со лакот, ми снема на сред работа, а нигде немаше да се купи дека празник. Некој друг викенд ќе јаде 2000рка шмиргла и лак од ново. :D

Лепење



Искитирано, спремање пред шприц кит



Шприц китот нанесен



Фарбање



Краен резултат







Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #43 на: 07 Август 2021, 20:42:56 pm »
2000ка не е многу ситна за пред лак?
Браво за сработеното!

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #44 на: 08 Август 2021, 00:04:53 am »
Врска немам, предложете друга бројка, па ќе пробам :D