Автор Тема: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец  (Прочитано 2825 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Барав ваква тема, ама не успеав да најдам.

На десниот жмигавец (оној на крилото) има капки внатре и ме нервира ;D
Како да го средам, има некој идеја?

Немам слика, ама нешто како на видеово:


« Последно менување: 05 Ноември 2020, 21:59:56 pm balanar »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #1 на: 05 Ноември 2020, 22:19:56 pm »
E otvori zmigavecot izvadi sjalickata i tuka pikni nekoe stapce so krpce i izbrisi ne e tesko toa.
Posle od gorna strana staj mu nekoe lepace ili silikon najverojatno ti vlaga voda ako ne dihtuva ubavo ili pa kondenzacija se pravi.


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #3 на: 06 Ноември 2020, 01:05:52 am »
E otvori zmigavecot izvadi sjalickata i tuka pikni nekoe stapce so krpce i izbrisi ne e tesko toa.
Posle od gorna strana staj mu nekoe lepace ili silikon najverojatno ti vlaga voda ako ne dihtuva ubavo ili pa kondenzacija se pravi.

Не може така, има посебна жолта пластика/крушка внатре во жмигавецот каде влегува сијаличката, одделено е од проѕирниот дел :)
Фактички, можам само да го избришам тој дел, ама таму нема капки.

Сега гледав баш...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #4 на: 06 Ноември 2020, 01:09:41 am »
Купи нов.

https://www.karoserija.mk/si-alitsi-za-zhmigavtsi/seat-leon-2005#menu

Ќе прашам во D-As Auto Parts што цена е кај нив од растурена кола...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #5 на: 06 Ноември 2020, 01:31:19 am »
Исуши го со фен или на сонце. Но претходно види како дошла кондензацијата внатре. дали преку дихтунгот на крушката за сијаличка или напукнат е некаде. Ако не ја спречиш причината за кондензација, повторно ќе се јави.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #6 на: 06 Ноември 2020, 09:57:06 am »
Купи нов.

https://www.karoserija.mk/si-alitsi-za-zhmigavtsi/seat-leon-2005#menu

Ќе прашам во D-As Auto Parts што цена е кај нив од растурена кола...

Не се мачи за 500 денари. Јас земав од каросерија.мк за Полото, перфектно одговара. 250 денари го платив.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #7 на: 06 Ноември 2020, 10:17:52 am »
Нека се мачи :), ако не успее не му бега ново ;D

Јас го "наполнив" со силикон штопот од i10, спојот меѓу двете пластики (проѕирната и белата на која се навртуваат сијаличките).

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #8 на: 06 Ноември 2020, 10:56:55 am »
За 100ден поарно да проба со силикон, посекако се вади ако има потреба, 500ден за решавање кондензација која не ја гледаш е скапо според мене. Настаро на пола е прифатливо.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #9 на: 06 Ноември 2020, 13:55:39 pm »
Многу е 500 денари од Каросерија.мк за едно стакленце, а и двете ми се кондензирани. 1000че за нешто што работи, а и не го гледам кога возам е многу, што знам.
Повеќе естетски сакав да го средам. А и страв ми е да пробам да ја одделам проѕирната пластика од куќиштето, многу кршливо ми стои...

Ќе ги извадам и двете, дома ќе пробам со фен да ги исушам и ќе ставам силикон одоколу.  :)
« Последно менување: 06 Ноември 2020, 14:07:44 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #10 на: 06 Ноември 2020, 14:43:20 pm »
Кога ќе ги исушиш со фенот не ги монтирај веднаш, остави ги да се оладат и потоа извади ги на надворешна температура да се "стабилизираат". По некое време провери дали повторно има кондензат, ако има, повтори ја постапката.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #11 на: 07 Ноември 2020, 15:16:02 pm »
Малку со фен, па излезе овака:





Ќе ги оставам внатре некој период, па ќе ги извадам на тераса дали ќе покаже нешто пак...
Немам силиконче во мене.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #12 на: 07 Ноември 2020, 15:32:12 pm »
Не ти текна да ги премачкаш од надвор со сапуница и дувнеш во нив пред да ги сушиш?

На тој начин ќе видеше дали дихтуваат и од каде диши.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Кондензација во страничен (крилен) жмигавец
« Одговори #13 на: 07 Ноември 2020, 16:03:33 pm »
Не ти текна да ги премачкаш од надвор со сапуница и дувнеш во нив пред да ги сушиш?

На тој начин ќе видеше дали дихтуваат и од каде диши.

Џабе ќе мачкам од надвор, спојот на проѕирната пластика и обичната е на задниот дел.
Таму евентуално да пробам...



На страничниот дел има отштампано дата на производство 10/NOV/10.
Барем знам дека не е ударана колата десно напред хахах

едит - Открив каде дихтува. Има луфта кога ја мрдам проѕирната пластика со нокт, одлепено е на еден дел од сивата пластика.