Штом проблемот ти е во лево-десно светење, односно премногу лево ти светат, додека горе-доле немаш проблем и притоа со механизмот не можеш да ги наштелуваш, а скапо ти е да менуваш два нови фара, тогаш има едно просто решение.
Вадиш фаровите, и на левата страна на штрафовите ќе ставиш шајбни и на тој начин ќе ги изместиш минимално фаровите према десно и ќе си го решиш проблемот.
Јас на фелицијата имав таков проблем, плус имав и скршен држач на левиот фар и заради него ми светеше во небо фарот, додека пак десниот фар бегаше многу во лево (толку лево што снопот речиси и да светеше до лентата во средина на патот, особено на долго светло ова се приметуваше) и плус светеше доле.
И јас се мачев со тие механизмите, читав по интернет дека едните служат за горе доле, другите лево десно, уствари фарот само горе доле ми одеше.
Си ставив една вечер картон на 2 метри пред колата, обележав репер како ми светат така раштеловани светлата, потоа утредента си фатив со работа вадење фарови, подесување со шајбни и си ги дотерав фаровите.
И сега снопот си е точно наштелуван да свети во лентата во која се движам наспроти претходно кога левиот фар светеше во Монт еверест висина, а десниот фар малтене во спротивна лента.