Порано ги перев колите во перална, не сум некоја цепидлака но кај ги дигнаа цените, па и ептен почнаа да забушаваат. Инаку си прснуваа восоче или нешто...
Кога почнав дома да ги перам по неколку перења почнав да приметувам дека водата не бега. Си реков да не го заебам лакот.
По мала консултација на форумов го купив. Задоволен сум од ефектот, водата бега и полесно се пере колата. Штом приметам при перењето дека некаде се губи ефектот шприцнувам на тие места (обично кровот најбрзо попушта).
Баш некни кога ги перев колите шприцнав само на кров и хауба.
2 пати годишно ја шприцам цела кола, ваљда е заштитен лакот колку толку, пошто навистина немам воља да паѓам во несвест гланцајки сто пати

Интересно е да се гледа како веднаш откако ќе прснеш разлеаната вода се групира во капки. Демонска работа
