Денеска бев повторно во друг сервис во бутел позади црквата, и повторно истиот проблем ми го покажа, значи треба нов диференцијал, но ми рече овој може да трае уште многу многу километри, но само ако за мерак сакаш да го средиш, бидејќи сега за сега ниту има бруење ниту губи уље, освен што има некој луфт и се приметува само при стартување, значи крцка 2-3 пати и престанува (на прва ти изгледа како да е нешто во заден трап), ми покажа мајсторот значи имаше една долга шипка која одеше кај диференцијалот и таму кај се спојат со диференцијалот ми покажа со рака како прави и стварно се гледаше дека има луфт.
На шала ми вика мајсторот дека ако не ти пречи ова крцкањево терај вози не фрлај пари, пошто не знаеш што ќе земеш, има многу овие што растураат коли кои се возени такси.
Инаку за предница на 3 места досега ми рекоа дека си е топ колата немам што да мењам.