Автор Тема: Статистики за продажба на нови возила во Европа  (Прочитано 33604 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #75 на: 12 Август 2020, 14:54:57 pm »
Бидејки пред 4 години убаво ги проучив и тестирав Клио, Каптур и Меган, можам за нив поконкретно да искоментирам.

Каптурот во однос на Клиото има многу повеќе простор во кабината (предни и особено задни седишта) гепекот е исто така поголем, полесно се седнува и станува што е идеално за низ град. На 130км/ч во кривини се чувствува поизразено навалување но не е страшно, односно ако се вози по знаци нема апсолутно никаков ризик.
До тука, речиси ја оправдува повисоката цена ако се одземат во тоа време неверојатната цена на гумите, 10.000  бф гудрич, 13.000 мишелин од парче за зимски :'(

Пред да го одврзеш кесето си велиш ај да го ѕирнам тукушто излезениот Меган4.
Простор во кабина речиси ист како во Каптур, малку пошироко меѓу возач и совозач, на задни седишта дури и помал, колената упираат во предни седишта, гепек нешто поголем на око.
Држење на пат неспоредливо подобро, но седнување и станување како во Клио и како во сите неСУВ коли.
Значи, ако ти е претежно за низ град, Каптурот носи највеќе бодови + чувството дека си во тренд :)

Така доаѓаме до одлучувачкиот фактор, пари.
Ако немаш доволно за Каптур ќе си легнеш на брашно и ќе си купиш Клио.
Ако веќе ги имаш парите за Каптур, ќе си го лапнеш без око да ти трепне.


Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #76 на: 12 Август 2020, 15:57:13 pm »
Значи captur=megane+поголеми тркала

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #77 на: 12 Август 2020, 16:01:04 pm »
Nego imate vakva tabela za E klasa, BMW 5, Lexus ES itn?

А и за C class, BMW 3, Audi A4 баш ме интересира...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #78 на: 12 Август 2020, 16:01:35 pm »
Значи captur=megane+поголеми тркала
Надворешни димензии не спомнав, зборев за абитаклот :)
И држењето на пат е неспоредливи подобро во Меган :)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #79 на: 12 Август 2020, 16:36:45 pm »
Не знам какво тестирање си имал, но не знам дали си поминал 1.000km во Captur.
Можеби и Clio е голема за него. Багажникот едвај го затворивме со 3 куфери средна големина. Да беа големите куфери можеби само еден ќе влезеше во багажникот + некоја ќеса и толку.

Напред кабината мала и за совозач. Нозете фиксирани. После 1.000km барав некој да ми намести коските.
Среќа позади што не бев седнат, инаку и тие позади што седеа се пожалија на удобноста.

Од оваа причина Captur-от го заменија со Kadjar. Пак SUV је*ем му.  ;D
Да земеа Megane GrandTour или Scenic боље ќе беше ама тоа е.  :-[

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #80 на: 12 Август 2020, 16:56:27 pm »
Да не требаше да споредувам Твинго со Каџар? Во твингото ќе ти ги собереше сите 4 куфери, а тие позади немаше воопшто да се пожалат бидејки потпирачите за глава од предните седишта ќе им беа во уста ;D

Каптурот се споредува со Клио, дури потоа се прави паралела со Меган.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #81 на: 12 Август 2020, 17:47:46 pm »
Captur демек треба да собере 4 во него без проблем.
Ама да не земеш ништо со себе.
За во град е можеби добро ама за отворено на долги релации е далеку до добро.

Kadjar не сум го пробал на долги релации, тоа допрва.
Twingo никојпат немам седнато.

Се на се, Captur е мала кола на големи тркала. Ова се однесува за првата генерација, а како што видов втората има малку повеќе простор.
Инаку како што можеш да забележиш, Captur го споредувам со Clio.
« Последно менување: 12 Август 2020, 17:59:05 pm vandex »

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #82 на: 12 Август 2020, 18:15:34 pm »
Каптур е за со партнерот и деца под 13 години. Кога ќе пораснат децата се купува Атека или Кодиак.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #83 на: 12 Август 2020, 18:20:25 pm »
Captur демек треба да собере 4 во него без проблем.
Ама да не земеш ништо со себе.
За во град е можеби добро ама за отворено на долги релации е далеку до добро.

Kadjar не сум го пробал на долги релации, тоа допрва.
Twingo никојпат немам седнато.

Се на се, Captur е мала кола на големи тркала. Ова се однесува за првата генерација, а како што видов втората има малку повеќе простор.
Инаку како што можеш да забележиш, Captur го споредувам со Clio.

Значи овака, тргнуваш да купуваш Клио и не ти фаќа око колку куфери ќе ти собере. Пред да се појави Каптур (сув), следна поголема кола беше Меган.
Ако во Меган не ти ги собира куферите нема што да гледаш Каптур.
Тоа е што се однесува до куферите :)

Што се однесува до возењето поголема километража, јас како бивш сопственик на Меган2 ќе ти кажам дека на Стража кога ќе застанев имав чувство дека сум поминал 1.000км.
Како паралела, со i10 не почувствував никаков замор до Охрид, не па до стража. Да напоменам дека седењето е повисоко поставено.
Имено, тоа седиштето од Меганот како ме замараше тоа беше чудо, нешто слично како што опишуваш како си се чувствувал во Каптурот.

Сакам да кажам дека причината за замор од возење не треба да се бара во типот на возилото, туку во седиштето кое не може да одговара на сечиј грб.

ПС
Го спушти ли подот во гепекот кај Каптурот?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #84 на: 12 Август 2020, 18:26:46 pm »

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #85 на: 12 Август 2020, 18:40:39 pm »
Значи овака, тргнуваш да купуваш Клио и не ти фаќа око колку куфери ќе ти собере. Пред да се појави Каптур (сув), следна поголема кола беше Меган.
Ако во Меган не ти ги собира куферите нема што да гледаш Каптур.
Тоа е што се однесува до куферите :)
Clio по секако не го погледнувам. Тоа е мала кола, за отворен долг пат не е.
Пред/после Captur постои Scenic. Знам дека седиштата не се исти на Scenic и Megane и дека воопшто не се иста категорија, но и удобноста е различна како што ја опиша подоле.
Што се однесува до возењето поголема километража, јас како бивш сопственик на Меган2 ќе ти кажам дека на Стража кога ќе застанев имав чувство дека сум поминал 1.000км.
Како паралела, со i10 не почувствував никаков замор до Охрид, не па до стража. Да напоменам дека седењето е повисоко поставено.
Имено, тоа седиштето од Меганот како ме замараше тоа беше чудо, нешто слично како што опишуваш како си се чувствувал во Каптурот.

Сакам да кажам дека причината за замор од возење не треба да се бара во типот на возилото, туку во седиштето кое не може да одговара на сечиј грб.

ПС
Го спушти ли подот во гепекот кај Каптурот?
Со Megane 2 Sedan исто се извозев на 1.000km. Задоволен! Немам замерки ниту умор од патувањето.
Кај Captur се беше направено да се собереме за пат. Дури и задната клупа беше бутната нанапред да собере багажот како што треба. Captur/Clio/Twingo се градски автомобили. На отворен пат се осеќа дека не се нај нај удобни.

пс- она што ми остави исто негативен впечаток кај Captur е пластиката во внатрешноста. Целата крцка на секое нагибање во кривина. Каде и да се фатиш за некоја рачка веднаш се осеќа како некој евтин материјал, што не е така случај со Megane 2 Sedan. Некако постариот Megane беше повеќе стегнат иако можеби ист квалитет на пластика.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #86 на: 12 Август 2020, 19:24:26 pm »
Со погодено возачко седиште, со 110км/ч и ако немам потреба од 4 куфери, со било која кола тргнувам на долг пат.

Не велам дека нема разлика, но кога можев со Југо да акам, не гледам причина да седам дома бидејки Клио, Фиеста, и слични не биле за подолг пат ;D

Муабетот беше дека со СУВче од типот на Каптур имам пријатна градска вожња со стани/седни, поголем гепек од Клио, повеќе простор во кабина за на одмор итн за нешто повеќе пари.
Со малку повеќе пари веќе размислувањата се движат кон Меган, под услов да имаш потреба од поголем гепек, почести долги отворени вожњи, но ќе имаш помалку пријатна градска вожња особено ако е со почести стани/седни.

Сеникот доаѓа на ред кога Меганот ти е недоволно голем :)

Каџарот не го коментирам ;D

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #87 на: 12 Август 2020, 19:35:04 pm »
Со погодено возачко седиште, со 110км/ч и ако немам потреба од 4 куфери, со било која кола тргнувам на долг пат.
Имам куфери + јамболија. ЈАМБОЛИЈА ЕЕЕЕЕЈЈЈ кој вози јамболија на 1.000km? Ако видите некој таков мош ја сум.  ;D

Не велам дека нема разлика, но кога можев со Југо да акам, не гледам причина да седам дома бидејки Клио, Фиеста, и слични не биле за подолг пат ;D
Секоја кола ќе те однесе 1.000km ама ако тоа возење е потреба, а не само едно возење, тогаш поинаку ќе гледаш дали да се возиш во мали градски коли.  ;)

Муабетот беше дека со СУВче од типот на Каптур имам пријатна градска вожња со стани/седни, поголем гепек од Клио, повеќе простор во кабина за на одмор итн за нешто повеќе пари.
Со малку повеќе пари веќе размислувањата се движат кон Меган, под услов да имаш потреба од поголем гепек, почести долги отворени вожњи, но ќе имаш помалку пријатна градска вожња особено ако е со почести стани/седни.

Сеникот доаѓа на ред кога Меганот ти е недоволно голем :)

Каџарот не го коментирам ;D
Каптур е во ред за во град, за долги патувања не е.
Scenic/Kadjar и двете се комотни. Она што не ми се допаѓа кај Kadjar е што е уште еден SUV.
Scenic 4 го направија во таа насока па затоа можеби врвот на MPV е кај Scenic 3. И за да биде трагедијата уште поголема, го прекинуваат производството на Scenic пошто сега Captur/Kadjar се во мода, а шпекулации има и за прекин на производство на Megane. А овие два модела ќе ги купи некој што никогаш не возел Renault. Еднаш ќе ги купи и никад више.  :-[
« Последно менување: 12 Август 2020, 19:42:36 pm vandex »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #88 на: 12 Август 2020, 19:44:43 pm »
И Меганот не е за подолги патувања, кичмата ми знае :)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #89 на: 12 Август 2020, 19:49:34 pm »
Ааааа, Sedan е добар.  ;D
Шала на страна, ако еднаш купиш Megane има шанса повторно да земеш, ама ако еднаш земеш Captur никад више.
А да не го спомнувам Scenic и штета што ќе оди во историјата. :(
Тоа ми беше поентата.