Гласање

Дали би примиле експериментална вакцина против COVID-19

ДА
10 (35.7%)
НЕ
18 (64.3%)

Вкупно гласови: 28

Автор Тема: Дали би примиле експериментална вакцина против COVID-19  (Прочитано 7398 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218

Секоја вакцина има потреба од здрави доброволци во фазата на тестирање пред да излезе на пазарот.
Здрави и дебело платени доброволци.

А ако мислите да примам вакцина која не прошла низ процесот опишан во видеото, а се веќе се продава и ме третира како бесплатно заморче - одговорот e НЕ.
Ко воли, нек изволи.








« Последно менување: 23 Јули 2020, 13:17:19 pm Stratro »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
„in the best case scenario it could take 6-10 years for a promising vaccine from phase 1 to real world distribution"
и како сега за 1 година ќе имаме вакцина и ќе може да се употребува?кое е објаснувањето на СЗО и другите околу ова, имаат некој став?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Највеќе време коштаат проверките. Затоа е толку споро. Изработката на продуктот не трае 6 години.

Тоа дека се вакцини.

Да не беа вакцини туку чоколади, времето за тест е многу мало бидејќи се смета дека состојките се "генерално земено безбедни." А се покажува дека шеќер и HFCS (high fructose corn syrup) не е воопшто безбедна состојка и токсичноста е скоро иста со алкохол. Не е ни чудо бидејќи е истата молекула. https://youtu.be/dBnniua6-oM

Исто и цигари. Да воведе сега некој цигари, а да не постоеле ќе го затрупаат во тестови. А сите пушат. Исто и кафе. Да воведе сега некој психотропна зависна супстанца која има стимулативно дејство врз мозокот. Уууууу сол има да го направат. Како така!!! Па ти знаеш ли кафе дека на мозокот влијае, па фејзбук групи, па дека ти уствари губиш свест. Па кола нема да смее да возиш под дејство на кафе итн, итн.


Да не си пиел?
- Не бе чичко џандар, едно еспресо само имам испиено.
ДА НЕ НЕ БЕШЕ ЕДНО?

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Ако можев одеднаш да примам шест вакцини, за една ич муабет не правам.

Sent from my Redmi


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1819
А дали сте загрижени што најверојатно ќе не чипираат со таа вакцина?

Еве јас на пример сакам само Гугл да ме следи преку телефон,  зошто па сега и Гејтс да знае кај сум.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7120
Дали ќе не пуштаат у Грчка ако примиме од експерименталниве вакцини?
- Еве ви одма мин. 6 милиони доброволци на Балканов, FREE OF CHARGE!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17597
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Застани во ред, ќе ми помине одморот, морам прв да ја примам вакцината и да си одам во Ханиоти.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
У оваа држава треба да си луд било што прв да примиш. Нека примат прво политичарите па после ние.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7120
У оваа држава треба да си луд било што прв да примиш. Нека примат прво политичарите па после ние.
Е да бе, па они да идат на море годинава, а ние да скапеме на топлово... Е не може така, јас прв сакам!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
;D

Они имаат дипломатски пасоши ;)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Не.

Кај нас не смееш јавно да се посомневаш во квалитет на вакцина набавена преку државен тендер со критериум - најниска цена.
Одма ќе добиеш "антиваксер" налепница пошто нема шанси да не е истата која би ја примил Доналд Трамп.




Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Најниска цена од сите понудувачи кои ги исполниле условите дадени во тендерот. Вториов дел од реченицата некако го подзабораваш.

Да се жалиш дека некој услов фалел, пеки.

Да се жалиш дека не требало да биде тој со најниска цена, е нелогично. И сосем е можно да те наречат антиваксер, бидејќи антиваксери се служат со таков вид на аргументи.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Не го заборавам, од искуство зборам бидејќи тоа ми е работа повеќе од 10 години.

Еден обичен тендер за систем за антивирусна заштита со 30 страни услови денес ги исполнува и добра фирма ( Checkpoint) и ефтина кинезарија.

А  токму од тендерите за лекови, вакцини и медицинска опрема побелува коса...али ај.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Епа зошто е проблем најниската цена, а не условите? Како ти би избрал? Како Трамп бира? Кои услови ги бараат?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Вакцина, лекови и медицинска опрема најдобро е да не се набавуваат воопшто преку тендер и да се исклучени од Закон за јавни набаки од истата причина поради која набавките на  оружје за АРМ и МВР се исклучени.

Има држави вo светот каде ова  е правило, ама во поголем дел не е така бидејќи и фармацевтската индустрија си е бизнис како и секој друг  па и тука има поскапи и поефтини лекови и аналогно на тоа поквалитетни и почкарт.

А имајќи предвид каде живееш...