Гласање

Дали би примиле експериментална вакцина против COVID-19

ДА
10 (35.7%)
НЕ
18 (64.3%)

Вкупно гласови: 28

Автор Тема: Дали би примиле експериментална вакцина против COVID-19  (Прочитано 7397 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3561
Епа зошто е проблем најниската цена, а не условите? Како ти би избрал? Како Трамп бира? Кои услови ги бараат?
Коса ќе ти побеле да дознаеш што они бараат, најниска цена како основен критериум си стои и не е никаква пречка за правилен избор, ама техничките лица, кои воглавно немаат поим што прават, наместо да ги исфрлат технички неисправните понуди они оставаат се и после чешаат глава. Ако техничката комисија направи селекција каква што треба и ги исфрли тие што не одговараат на техничките барања (ако првично понудата е исправна на прво око, можеш понудувачот да го бомбардираш со прашања преку ЕСЈН и да најдеш нешто да го исфрлиш), многу би било поедноставно, ама нашите технички комисии и нивното знаење...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Тендери поврзани со медицина не би ги работел ни за  било каква плата. Ем коса ќе ти обеле (некои по 200-400 ставки имаат) ем шансата законски да ги исфрлиш чкарт понудите е мала, а цената ја плаќаат луѓето со свое здравје иако си дал се од себе да набавиш најдобар можен лек.

Ова под услов совесно да работиш, а и да имаш темелни познавања за предметот на набавката или барем да имаш ангажирани стручни лица за секоја набавка посебно соодветни на областа.

Ова е by the book.
Во пракса, за жал не ќе да е така...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
И сега што заклучивме? Дали е проблемот „најниска цена“?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3561
Јас сметам дека не е, ама најубаво би било бодувањето да е 50/50, а не како сега.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Реков погоре.. проблемот е што вакцина воопшто се набавува преку тендер каде како и да вртиш, пак пресудна е најниската цена... поготово за држави како нашата со оскуден буџет за било какви набавки.

Шахтите низ градов ти се нерамни со причина:

- или не е пропишано во спецификација (нестручна комисија).

- или немало средства за таква дополнителна услуга ( оскуден буџет).

-или било пропишано и имало буџет ама Носителот на набавката не постпил според договор. (чкарт понудувач кој можеш да го казниш за лоша реализација САМО ако на почеток си пропишал банкарска гаранција за квалитетно извршување на договор, а во спротивно треба на суд да го тужиш...што и да се деси, ќе се реши во следна деценија).

Ова е само пример за рамни шахти... тек па за вакцини донесени по скратена постапка. :)



Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Јас сметам дека не е, ама најубаво би било бодувањето да е 50/50, а не како сега.

Од Април 2019 е донесен нов закон за ЈН според кој покрај цената можеш да бодуваш и квалитет, ама во пракса тоа е убедливо најмалку применливо кај лекови и мед. опрема.

Затоа вакцините треба да се скроз исфрлени од закон, да се обезебеди дебел буџет и да се набави она што набавуваат "богатите" земји.

Ама ова кај нас, мало сутра.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3561
Јас сметам дека не е, ама најубаво би било бодувањето да е 50/50, а не како сега.

Од Април 2019 е донесен нов закон за ЈН според кој покрај цената можеш да бодуваш и квалитет, ама во пракса тоа е убедливо најмалку применливо кај лекови и мед. опрема.

Затоа вакцините треба да се скроз исфрлени од закон, да се обезебеди дебел буџет и да се набави она што набавуваат "богатите" земји.

Ама ова кај нас, мало сутра.

И за друго никој не го практикува, тендерски постапки објавуваат основен критериум 100% најниска цена, барем во моја бранша.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Значи не е проблем најниската цена. Уште неможеме да најдеме како да избереме од 20 понудувачи.

Еве нека е по квалитет. Што е тоа квалитет и како ќе го бодуваш? Цела тема имаме на форумов Квалитетот на VW. Може таму треба да се дискутира.

Отсутен Startermkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Би имал голем сомнеж во експериментална и недоволно тестирана вакцина и сметам дека млади и здрави особи немаат потреба од такво нешто, земајќи во предвид ги ризиците дека можеби и нема да биде толку ефективна или пак уште полошо, можноста дека би имала штетни споредни ефекти.
Дури и во знак прашање би ставил колку има смисла и вакцината за сезонски грип кај лица кои што не се од ранливите категории и немаат во исто домаќинство такво лице.


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Клабери, сакам да прашам имајќи предвид дека обичните смртници којзнае кога ќе стигнат на ред, дали некој има скорешно искуство за вакцинирање во Србија?
Од тоа што се распрашав, треба регистрација и овојпат вакцината се плаќа, но колку како се чека, дали уште постои можност откако ќе се регистрираш да отидеш на слепо и да те боцнат преку ред ис сл...

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Имам инсајд инфо дека не примаат повеќе македонци во Србија, барем не моментално. Баш требаше преку фирма да одиме ние со организиран превоз, одбиено ни беше барањето и неуспешни беа сите напори.

Засега барем нема повеќе така да скокнеш до Ниш да се прошеташ и да се вакцинираш попатно, треба да потегнеш врски и/или пари се разбира. Освен ако немаш некој доста поблизок, доста тешко ќе биде.

Денес стигна известување дека македонците можат во Софија да се вакцинираат, ама не ги прочитав условите и барањата.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Клабери, сакам да прашам имајќи предвид дека обичните смртници којзнае кога ќе стигнат на ред, дали некој има скорешно искуство за вакцинирање во Србија?
Од тоа што се распрашав, треба регистрација и овојпат вакцината се плаќа, но колку како се чека, дали уште постои можност откако ќе се регистрираш да отидеш на слепо и да те боцнат преку ред ис сл...

Јас имам скорешно искуство, ама влегов у бесплатниот пакет што беше преку Привредна Комора Србије, викендот кога беа гужвите во Ниш и Белград!
Моментално немам точна информација како е, со другар зборев баш денес и он ми кажа дека немало можност веќе за македонци во Србија и ќе чека кога ќе дојде на ред во Мкд.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Има можност во бугарија ама како што разбрав мораш таму на лице место да се пријавиш за термин па пак идење повторно за вакцинација. На крај ќе ти излезе три пати возење.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Бугарија ми е... нејќам д ми се избугари работата, никогаш не сум ги сакал, не знам зошто.

За Србија, знам дека тогаш беше навалата пред да им истече рокот на АЗ, инаку не мислев за без пари како претходно, туку да си платиш и тоа е тоа. Само дали може е работата. Пошо очигледно имаат и ќе имаат премногу вакцини.

Ок, не е лошо ако некој добие некое потазе инфо да сподели, бидејќи тука не гледам надеж.