Здраво, доколку некој може да ми ја објасни детално процедурата за носење возило од Германија. Планирам да земам BMW 118d 2007+, ама знам дека пред скоро време се смена законот за царинење и не знам како да ги пресметам трошоците отприлика...
Исто така разбрав дека некои документи треба да ги извадам уште таму..
Значи доколку има некој расположен за објаснување нека повели 
Што треба да направам Германија, а што откако ќе стигнам кај нас?
Фала однапред!
Мене
@Luki Junior ептен ми помогна со совети, на два-три пати го испозамарав, и поминав како што ми кажа. Од тогаш поминаа 5 години, пивото што му го дужам со камата 2 гајби станаа, не знам дали моето искуство е сеуште валидно после 5 години, но генерално е:
- одиш во Германија, купуваш кола, со газдата одите во локалниот „АМСМ“, таму ја поништувате неговата регистрација, вадиш цол табли и земаш осигурање по желба, 7дена, месец дена, 3 месеци... на твое име.
Со документите си возиш до МК, тука доаѓаш на граница, одиш у „трафиките“ што се за шпедиција, ти прават документи за царинење, ја носиш колата на царински терминал на граница. Таму кажуваш дека ќе ја цариниш во Скопје (или твое место по желба), и ти даваат туце документи, со кои во рок од 24 часа треба да се јавиш во царински терминал во местото кај што си кажал.
Потоа следи процедура на одредување на тарифи и давачки, кои ќе си ги платиш, и потоа те упатуваат на технички преглед.
Откако ќе отидеш на технички, те прашуваат дали имаш C.O.C. документ за сообразност, доколку имаш, брзо ќе ја поминеш онаа процедура што ја викаат „хомологација“. Доколку немаш, техничкиот (во мојот случај ПСС), ќе ти објасни, или ќе се погрижи за соодветна надокнада да го добиеш.
Откако ќе помине хомологацијата, и си платил 30-тина%+ од вредноста на возилото, веќе си спремен за таблици...
Накратко тоа е...