Колку километри имаш лично ти пројдено со двете БМВ-иња, а колку имаа вкупно?
А да - и колку се/беа стари?
На БМВ-то М2 си го купил со 76.000, а го продаваш на 93.000 поминати

Претходното БМВ ти беше купено на 93500, а се продаде на 110xxx
Двете коли заедно - 33.000km откако биле кај тебе т.е скоро трипати помалку километража отколку Леонов што има поминати под моиве нозе. Не ќе да е до ВАГ ,,проблемот".
На Леонов само јас му имам извозено 95.000km за шест години, а вкупно е на 273.000km.
Стар е веќе 16 години, а ова со електриката е првпат што се случува.
Пошто јас имам впечаток од форумов дека на тебе БМВ-ињата повеќе ти се по сервиси и мајстори заради преправки, додавки и модификации и по некое casual ,,возење за проба". Барем таков впечаток имам или ти не споделуваш каде се сте возеле, како што, пример, прават одредени членови тука, меѓу кои и јас.
Да не се разбереме грешка - ова по сервиси не го мислам дека колите ти се таму за поправки, туку за свој/твој личен ќеф што го поштувам.
Имаш средства за такво возило, имаш средства за негова модификација, имаш и желба и тоа е супер, сериозно.
P.S Не сум некој залуден фан на ВАГ.
Не дека не си ја сакам колата и не се трудам да ја одржувам најдобро што знам и можам да си дозволам, но мене ако ме прашаш - уште утре ќе идам и ќе си донесам нов Кинез до кај 35.000 од салон и тоа ќе беше (пример S7 REEV).
Aли тоа е што е, барем периодов сум во други давачки и трошоци
