Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 164124 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #405 на: 13 Декември 2020, 00:18:32 am »
Зошто би ја полирал надворешно,на сликите изгледа супер бојата.

Има забелешки кои сакам да се средат, и сам не знам зошто на сликите изгледа како скоро полирана.
Повеќе сакав внатрешно да ја ,,исхемираат", ама ќе почекам до пролет...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #406 на: 15 Декември 2020, 22:44:40 pm »
Денеска (190103km) конечно ги монтирав предните и задниот брисач.
Ќе видиме како ќе се покажат...



Наредно сакам да ги променам H1 и H7 сијалиците во WhiteVision, како и да ставам ЛЕД (6000k) сијалички во внатрешноста, гепекот и задната табличка.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #407 на: 17 Декември 2020, 11:03:56 am »
После 100км извозени со новиот ЕГР да пријавам намалена потрошувачка на нафта (по борд) за околу 0.7 - 0.8L/100km.

Ист начин на возење, исто се. Претходните месец-два (откако залади, почна да се користи парното, греење во место) покажуваше 6.7 литри. Сега падна на 5.9 - 6.0
Летниот период покажуваше 5.5 - 5.6.

Дали е fluke или реално има промена ќе видиме во наредните километри.


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #408 на: 17 Декември 2020, 11:09:01 am »
Не е. Со исправен ЕГР самиот мотор загрева речиси двојно побрзо. Моторот е најекономичен кога е на работна температура.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #409 на: 17 Декември 2020, 11:10:44 am »
Не е. Со исправен ЕГР самиот мотор загрева речиси двојно побрзо. Моторот е најекономичен кога е на работна температура.

Има логика, баш се изненадив вчера кога проверив.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3720
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #410 на: 17 Декември 2020, 12:13:04 pm »
Кај тебе има термостат за ЕГР ладилниче? Или цело тоа е заедно со ЕГР-от.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #411 на: 17 Декември 2020, 12:34:14 pm »
Кај тебе има термостат за ЕГР ладилниче? Или цело тоа е заедно со ЕГР-от.

 Има слика на претходната страна...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #412 на: 17 Декември 2020, 16:33:59 pm »
Мераклиско одржавање. Браво паше. Не проба да го изчистиш EGR-от пред да купуваш нов. Можда бил запуштен само?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #413 на: 17 Декември 2020, 17:13:01 pm »
Мераклиско одржавање. Браво паше. Не проба да го изчистиш EGR-от пред да купуваш нов. Можда бил запуштен само?

Не пробав, не се замарав баш дали ќе се реши со чистење.
2-3 мајстори што прашав рекоа за нов, као нешто не се чистел овој вид, електронски бил.
А и видеа што гледав на Јутјуб, сите се за менување стар - нов.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #414 на: 22 Декември 2020, 13:23:26 pm »
Вчера го подновивме Леонот од Фели-Ас:



Направив пред и потоа слики. Може ќе му помогнат на некој од форумов во избор на халогенски сијалици.
Не видов што марка ми беа старите халогенки (а ги зачував за резерва), некој рандом производител се...
Првичните импресии ми се одлични, ќе видиме како ќе се покажат на дожд/снег и колку ќе траат.



Позиција и кратко:





Ова се WhiteVision W5W (одат во пар и со двете пакувањa):





Кратки:



Долги:




Кратки:



Долги:



Сулфидната за во багажник:





--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Немаа убодни LED W5W 6000К (ми треба за предното внатрешно осветлување), немаа ниту од сулфидната во димензија 38mm, 6000К (ми треба за осветлувањето за задната клупа и за задната табличка).
Рекоа ќе набават...
« Последно менување: 23 Декември 2020, 08:43:51 am balanar »

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #415 на: 22 Декември 2020, 15:36:23 pm »
Одличен резултат, многу подобро него кинезарија ксенон.
Браво.


Sent from my Mi A3 using Tapatalk

Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #416 на: 22 Декември 2020, 15:48:29 pm »
Одличен резултат, многу подобро него кинезарија ксенон.
Браво.


Sent from my Mi A3 using Tapatalk

И јас сум изненаден, добро испадна.

Ги поставив прво обратно сијалиците за кратко ;D
Земав да ја возам, абе тоа снопот фрлаше на 2-3 метра пред колата.  Викам Ај мајката, што им е сега? Среќа ми текна да ги изротирам.

На долгите не можеш да погрешиш.
« Последно менување: 22 Декември 2020, 15:58:21 pm balanar »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #417 на: 22 Декември 2020, 21:45:58 pm »
Што ти значи кога кола ќе падне во добри раце...

Ашколсун!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #418 на: 05 Јануари 2021, 12:08:30 pm »
Денес стигнаа пар од овие, може на некој ќе му се допаднат, нека си порача:

https://www.aliexpress.com/item/33018487525.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.33704c4dXSKmpb

Ќе видиме каде ќе ги залепам и дали воопшто се функционални хах

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #419 на: 05 Јануари 2021, 16:25:07 pm »
Jas isti vakvi naracav za vektrata uste pred 2 godini.
Odlicna rabota ama prokletoto voopsto ne drzese lepakot. Zalepi za 2 dena kje padne. Ma cistev plastikata aj vikam da ne e mrsna od kozmetikata ama jok. Zemav drug duplofan pak isti gjaol. I na kraj si gi staivme doma vo spalna edno kaj mene edno od strana na zenata tàmo telefonite ni stojat navecer.
Edino care e da zemes da izbusis dupka drugacije neznam edino drug nekoj epten jak lepak ama pa da ne ostetis plastikite.