Еден апдејт - вчера ја однесов колата во Авто Сервис Љубомировски во Облешево на шмирглање, полирање и заштита на фаровите.
Сакав да ги средам и штоповите, ама испаднав тотален нуб и дно допрев кога увидовме дека имаат залепено не-премногу темна фолија. Не сум никогаш загледал дали има фолија на нив
На мене добро ми изгледа овака, одлучив да ја задржам.
Нејсе, за фаровите како што разбрав, мајсторот ги извадил од каросеријата.
Исшмирглан е фабричкиот лак и потоа е нанесена полимеризација со Wetor. Возачкиот фар има блага кондензација од внатре (затоа што заштитно капаче којзнае од кога немало додека јас не набавив).
Видео од полимеризацијата:
https://streamable.com/r1hrkuСлики (пред-потоа):
Проценете сами.
Јас сум презадоволен.
Цена - 1200 денари.
Некоја сликичка од тазе испрана кола:
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Надворешно полирање и внатрешно хемиско оставив за пролет, здравје.
На колава остана уште:
- да ги монтирам предните и задниот Bosch брисач/и
- можно е да земам Philips WhiteVision H1 и H7 за средно и долго светло
- да земам Philips X-Ultinon LED (6000k) за задната табличка, како и за внатрешноста
Па оди во зимски сон.