Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169652 пати)

Присутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #345 на: 21 Ноември 2020, 18:59:18 pm »
Купи си ваква мултимедија, се наоѓаат, а за фаровите пробај со квалитетни LED сијалици и иста нијанса сијалички на позиција, нема потреба од angel eyes на Seat, ако веќе имаш желба да смениш нешто пробај со Ultrafine DRL, има бели и бели со жмигавец се лепат надвор од фарот, погледни на youtube имаш доста видеа.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #346 на: 23 Ноември 2020, 12:27:03 pm »
Денеска порачани 2 ситни дела (што ме нервираа што фалат откако колата е во мене) од Порше МК:

- знакчето што ми фали под левиот страничен жмигавец



- пластичните пиксни за држачот за полицата/капакот во гепек. Ми фалат двете и капакот знае да затропа.



« Последно менување: 23 Ноември 2020, 15:42:50 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #347 на: 25 Ноември 2020, 16:57:42 pm »
Мал апдејт:

- Денес ми ѕвонеа од Порше МК да си ја земам порачката, стигнати се знакчето и пластичните пиксни за полицата ???
Очекував барем 10 дена да потрае. Ваљда ги погодив во пратката.

- Монтирани зимските гуми на челичните бандажи и балансирани во Мотоцентар. Цена - 1000 денари (4x150 денари за балансирање и 4x100 денари за монтажа).
Утре ќе ги ставам раткапните, овака и не ми се баш допаѓа.

Пред:



Потоа:





- Купена гребалка за мраз од Лукоил ;D Цена - 88 денари.
Сакав од тие подолгите што се со четка (некаде се околу 52cm), ама кога ќе затреба - ќе треба да отворам багажник, да ја земам, да исчистам и да ја вратам назад.
Оваа ми e покомпактна, ја ставив во преградата под возачкото седиште.






Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #348 на: 25 Ноември 2020, 17:08:17 pm »
Пред некоја година ја купив истата гребалка, ја фрлив во ѓубре.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #349 на: 25 Ноември 2020, 17:12:21 pm »
Пред некоја година ја купив истата гребалка, ја фрлив во ѓубре.

 ;D ;D ;D
Не фаќаше убаво или?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #350 на: 25 Ноември 2020, 17:13:15 pm »
Jas imav takva so cetka ubava kvalitetna na vremeto od Hubo ja kupiv use ja koristam. Retko grebalkata poso vo garaza stoi kolata ama cetkata za sneg e odlicna. Se pushta na dimenzija sbto ti treba cela kola bez problem ja cistish

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #351 на: 25 Ноември 2020, 17:24:32 pm »
Мораш под точно одреден агол за да не гребеш со назабеното.
Претходно (уште со Меганот) имав некое од МВР :) и одлично гребеше ;D ама се скрши гребејки го првиот мраз со i30, па го купив ова како твоето.
Во меѓувреме го читкав упатството од i30 и видов дека има функција/копче за одмаглување/одмрзнување.
За 30 секунди почнува да одмрзнува на сегашниве утрински температури. За една до две минути веќе можам да тргнам.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #352 на: 25 Ноември 2020, 17:27:46 pm »
Купете си средство за одмрзнување стакло од бензинска.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #353 на: 26 Ноември 2020, 16:04:47 pm »
Синоќа ги наместив раткапните (не ставив стеги).
На мене ми изгледа ОК. Јбг, не се алуминиумски бандажи, а не ми се допаѓа како изгледа само на челични бандажи.



- Денес по Карго (платив 70 денари) ми го испратија пластичното капаче за левиот фар. Еден дечко од групите за Сеат на Фејсбук ми го испрати бесплатно.  :o





-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Остана уште:

- да ги земам и монтирам/наместам деловите од ПоршеМК
- наредната недела ќе ја носам на шмирглање на постоечкиот лак на фаровите, полирање и керамичка заштита, а можно е да ја оставам и за надворешно полирање.
Ова ќе се прави во Сервис Љубомировски во Облешево.
https://www.facebook.com/avtoservis.ljubomirovski

- да се направи внатрешно хемиско
- да се промени ЕГР вентилот (чекам на ред кај мајсторот)
- би сакал да ги променам сијалиците:
    - средно светло H7 и долго светло H1 со Philips WhiteVision.
    - за позиција да ставам Philips X-tremeUltinon LED W5W (4000k).
    - да ги променам внатрешните сијалички (тавански, фиока и багажник) со Philips X-tremeUltinon LED (W5W) и LED-FEST (38mm за C5W и 43mm за C10W (за багажник)) (6000k)
    - да ги променам сијаличките на задната регистрација со Philips X-tremeUltinon LED-FEST (38mm) (6000k)

После ова, на пролет сакам да ставам Андроид мултимедија.
« Последно менување: 26 Ноември 2020, 16:12:57 pm balanar »

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #354 на: 26 Ноември 2020, 21:28:28 pm »
И јас загризав за мултимедија, читам на неколку пиши дека имаат подршка за команди на волан. Ама ако не ми гарантира дека ќе работат не ми се ризиква...  :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #355 на: 26 Ноември 2020, 21:51:20 pm »
Зошто не ставиш нешто на ветробранско стакло, имаш прекривачи на али за 4 долари, сакаш некој стар чаршав, било што, се е подобро од тоа да гребеш мраз во 7 саат сабајле.

Иначе ја имав некоја гребалка со некоја мека пластика или тврда гума, го чистеше утринскиот мраз одлично. Ја остаив надвор по грешка и ми ја собраа :/

Внимавај од острата пластика да не си направиш гребаници по стаклото.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #356 на: 26 Ноември 2020, 21:56:43 pm »
И јас загризав за мултимедија, читам на неколку пиши дека имаат подршка за команди на волан. Ама ако не ми гарантира дека ќе работат не ми се ризиква...  :)

Повеќето модели што ги гледав (за VW/Seat) се со CANBUS и во Андроидот има опција за сетирање на копчињата по избор. Нешто слично како кога местиш контроли за PC игри.
Одбереш што функција сакаш да го има соодветното копче на уредот и се притиска на воланот. Мислам дека нема причина да престанат да работат ако работат уште од почеток, барај такви мултимедии.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #357 на: 26 Ноември 2020, 21:58:26 pm »
Зошто не ставиш нешто на ветробранско стакло, имаш прекривачи на али за 4 долари, сакаш некој стар чаршав, било што, се е подобро од тоа да гребеш мраз во 7 саат сабајле.

Иначе ја имав некоја гребалка со некоја мека пластика или тврда гума, го чистеше утринскиот мраз одлично. Ја остаив надвор по грешка и ми ја собраа :/

Внимавај од острата пластика да не си направиш гребаници по стаклото.

Е да, мада немам потреба толку од штитење со прекривачи, не станувам толку рано/немам потреба од возилото.
Гребалкава ја купив за ептен ако ми се брза.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #358 на: 26 Ноември 2020, 22:01:13 pm »
Обичен картон брка работа,и никој не ти го краде

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #359 на: 26 Ноември 2020, 22:05:23 pm »
Не разбирам зашто ви би требало гребалката...влегуваш во кола ја палиш,искачаш од кола пушиш еден тутун и за тоа време одмрзната е колата :)

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)