Автор Тема: Балансирање на карданско вратило  (Прочитано 5002 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Балансирање на карданско вратило
« на: 08 Јули 2020, 13:04:20 pm »
Дали некој во државава нуди ваква услуга?
Ако имате контакт пишете.
Made in Japan ☮

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #1 на: 08 Јули 2020, 14:01:43 pm »
Не се замарај со поправање на кардан...99% ќе имаш пак проблеми. Само нов.


Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #2 на: 08 Јули 2020, 14:39:49 pm »
Не се замарај со поправање на кардан...99% ќе имаш пак проблеми. Само нов.
Некое од тегчињата за балансирање е испаднато. Треба да се балансира и да се стави повторно каде што треба.
Е сега, може и сам да го правам ова со импровизации, но во потрага сум по професионална услуга со помош на опрема наменета за оваа намена :)
Made in Japan ☮

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #3 на: 08 Јули 2020, 14:46:47 pm »
Вибрации? Провери го средниот лагер/држач гумата со тек на време се распаѓа.



А ако си сигурен дека е паднато тегче...врзи му стеги за црево.


Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #4 на: 08 Јули 2020, 15:37:47 pm »
Вибрации? Провери го средниот лагер/држач гумата со тек на време се распаѓа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А ако си сигурен дека е паднато тегче...врзи му стеги за црево.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Го проверив држачот, не е до него. Одеднаш започнаа вибрациите после ланската зима, мислам дека по снеговите има испаднато некое од тегчињата. Сепак е стар автомобил, не е веќе тинејџерка (т.е. уште малку и остана, в година веќе нема да биде) :) Проблемот со тегчето е што не знам од каде испаднало, така да ставањето на стегата за црево ќе си бара и соодветно тестирање и тоа решение ќе биде одокативно. Тоа ми е последна варијатна во моментов(барем додека не се уверам дека нема друга опција), бидејќи едно немам каде да ја обавам, друго сум цепидлака и сакам да е технички исправно изведено балансирањето. Не сум љубител на одокативни решенија освен ако се единствени како што кажав и даваат задоволителен резултат ( а во случајов веројатно би дале, но пак се враќам на моментот дека немам можност сам да го направам тоа ).

Ако има некој што има можност да го направи тоа за мене би платил само да не го мислам повеќе овој проблем.
Made in Japan ☮

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #5 на: 09 Јули 2020, 09:41:14 am »
Дали овластените на БМВ и Мерцедес како возила со зсден погон, имаат вакво нешто? Можеби би се нафатиле, инаку други локални мајстори не верувам дека би имале нешто ваков скап алат.

Можеби соседството ти е најдобра варијанта.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #6 на: 09 Јули 2020, 10:03:07 am »
Најверојатно си проверил, ама при вибрации, треба да се направи подетална дијагностика на погонски состав: карданска гума, средишен лагер, крстачи, држачи за мењач, држачи за мотор, држачи за диференцијал и задниот зглоб пред диференцијалот. Некогаш тој знае да развие луфта и да го дебалансира цел кардан. Ако слушнеш метален клик при давање пуштање гас нагло при возење во брзина или е крстач или зглоб.

Ако е потрошен дел, некоја гума/држач се оправа евтино и лесно, ако е зглоб или крстач тури му пепел. Тегче дека испаднало тешко, тие се заварени.

Официјален сервис не ти се замара со поправање половни делови...само ново, извади стави...ама прашај си.


Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #7 на: 09 Јули 2020, 13:15:58 pm »
Ako imas nekoj u Cair neka se rasprasa, mislam kaj crkvata na vremeto imase bravarska rabotilnica sto gi opravase kardani, koj znae mozebi rabotat uste.
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #8 на: 09 Јули 2020, 14:31:12 pm »
Најверојатно си проверил, ама при вибрации, треба да се направи подетална дијагностика на погонски состав: карданска гума, средишен лагер, крстачи, држачи за мењач, држачи за мотор, држачи за диференцијал и задниот зглоб пред диференцијалот. Некогаш тој знае да развие луфта и да го дебалансира цел кардан. Ако слушнеш метален клик при давање пуштање гас нагло при возење во брзина или е крстач или зглоб.
Мислам дека прво што треба да се провери е балансот на сите компоненти. Доколку сите се балансирани, тогаш се преминува на проверка на дотрајаност на деловите или оштетување.

Ако е потрошен дел, некоја гума/држач се оправа евтино и лесно, ако е зглоб или крстач тури му пепел. Тегче дека испаднало тешко, тие се заварени.
Тегчињата, пренесено од други сопственици на овој модел од В.Британија (каде што го има како што овде кај нас има пасати и голфој), се нешто што може да испадне. Ако се заварени(неоловни) тогаш нема теоретски шанси, но според тоа што го кажуваат тие што утврдиле испаѓање значи дека не се заварени. Можи на понови модели или кај друг производител да се заварени и да не се оловни.


Официјален сервис не ти се замара со поправање половни делови...само ново, извади стави...ама прашај си.
Се согласувам дека овластените сервиси немаат соодветна опрема за оваа намена. Или ќе ти понудат ново или во најдобар случај може да те упатат кај специјализиран сервис за оваа проблематика.

Ако стварно во државава нема фирма која нуди балансирање на вратила со современа опрема... не знам што да кажам. Знам дека е вукојебина, ама барем ова не е стриктно врзано со една област туку со сите области од машинството кои вклучуваат ротациони делови.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #9 на: 09 Јули 2020, 14:32:25 pm »
Ako imas nekoj u Cair neka se rasprasa, mislam kaj crkvata na vremeto imase bravarska rabotilnica sto gi opravase kardani, koj znae mozebi rabotat uste.
Немам никој од Чаир. Имам пријатели кои би можеле, па ќе се обидам да дознаам.

Нели форумов е за таа намена...но можеби никој од Чаир или што знае нема прочитано за што е темава :)
Made in Japan ☮

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4968
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #10 на: 09 Јули 2020, 15:11:47 pm »
Во Чаир човекот е починат што го работеше тоа. Некој нов неверувам дека има. И нас на работа ни требаше пред некое време и не успеав да најдам, ќе се распрашам пак.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #11 на: 09 Јули 2020, 15:52:06 pm »
Проверка на баланс на компоненти? Тоа е х10 повеќе работа од проверка на стари испукани гумици кои се гледаат со голо око.

Пуштив абер до другар од Чаир, ако има некој што го работи ова ќе пренесам.



Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #12 на: 09 Јули 2020, 19:54:37 pm »
Проверка на баланс на компоненти? Тоа е х10 повеќе работа од проверка на стари испукани гумици кои се гледаат со голо око.

Пуштив абер до другар од Чаир, ако има некој што го работи ова ќе пренесам.
Од една страна се гледаат со голо око, а од друга страна не ми веруваш дека сум ги проверил кога ти кажав, да не речам сакаш да кажеш дека не сум ги ни погледал хехе :)
Баланс на гуми, искривеност на бандажи, баланс на карданско вратило, искревеност на главина, искривеност на полоосовини...се се тоа работи кои се проверуваат во максимум 2 часа, некои директно на кола, некои не, со мерни инструменти.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #13 на: 09 Јули 2020, 20:42:16 pm »
Во Чаир човекот е починат што го работеше тоа. Некој нов неверувам дека има. И нас на работа ни требаше пред некое време и не успеав да најдам, ќе се распрашам пак.
Ако успееш да најдеш некој те молам не ме заборавај :)
Исто и јас ако најдам, те имам на ум. ;)
Made in Japan ☮

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Балансирање на карданско вратило
« Одговори #14 на: 09 Јули 2020, 20:46:43 pm »
Eve sto najdov na net, ama Sofija. Ne znam kolku ke ti zavrsi rabota.

http://automig.net/mk/
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају