Еднаш кога читав за нивната гарантна политика исклучок како да беа "сите делови потопени во масло" што вомпревод ќе испадне дека ниту моторот и трансмисијата не се опфатени. За гумени делови (подвозје) не ни стануваше збор.
Затоа прашав, како е во твојот случај.
Подетално според гаранција од КАТ
Возило - 60 месеци - 100.000км
Боја - 60 месеци - 100.000км
Лак - 12 месеци - км неограничено
Акумулатор - 24 месеци - 40.000 км
Аудио Систем - 36 месеци - 100.000 км
Корозија - 72 месеци - км неограничено
Нигде не начекав политика на "сите делови потопени во масло"
Ако идам годинава на редовен сервис во Мида наместо КАТ , ќе добијам уште 2 години гаранција , т.е 5+2 и неограничен број на километри.
Рекоа ќе ми издаделе нов гаранциски лист.
Кога ја земав во септември 2019 , сите модели на Хјундаи во КАТ се продаваа со 5 години гаранција и 100.000км.