Здраво дечки,
Купена Септември 2019 на ново , еве кај и да е за 2 месеци ќе има година дена и прв редовен сервис.
Спецификации
Мотор: 1.6 T-GDI , 132KW/177HP, 265NM
Менувач: 6 брзински рачен
Боја: Сива
Ниво на опременост е Comfort, или 2 ниво од 5.
Изминати км: 3452
Инаку задоволен сум од возилото, ќе наведам некои работи што ми се допаѓаат и некои работи што не ми се допаѓаат
+- Комфорни седишта, доста просторна внатрешност и големина на багажник
- Перформансите на моторот
- Надворешен изглед
- 5 години гаранција или 100.000 км (под ова можам и да напоменам репутацијата што ја има Hyundai како прозиводител на возила во смисла на reliability)
- Infotaiment 8' + навигација
-- Гумите што следуваат со возилото се ај да речеме ''oк''. На други пазари следуваат Мichelin Pilot Sport 4
- Употребата на GDI мотори каде што би било пожелно да се користат чистачи на вентили на изминати 30.000 километри. ( ова и не е проблем само кај Hyundai, туку и кај другите производители со GDI или DI мотори)
- Auto start/stop - аххххххххх (ова е ново за мене, не сум поседувал возило претходно со овој систем)
- Еднобојниот ентериер
Во Hyundai ми дадоа и гратис оргинални гумени патосници, LED осветлување кај педалите, совозач доле и под возачко и совозачко седиште, и хромирани лајсни за праговите. Ми следуваше и хромирана ласјна кај прагот внатре во багажникот, им немаше уште стигнато тогаш, мене ме фати мрза и еве скоро 10 месеци не сум отишол да ми ја монтираат
Потрошувачката на овие 3452 километри е 9.5 л/100км. Од тие 3452 километри, дали 1000 километри имам извозено на отворено. Имам доста кратки релации, дома-работа па потрошувачката е повисока , но не се жалам.
Пред 1 недела бев до Охрид со 2 патници и багаж, потрошувачката беше 7.1 л/100км до Охрид и 6.4 л/100км до Скопје. Нормално со возење колку што е можно по прописите.
Возилото е кочина во моментов (син ми грицкаше цел пат
) , треба да го однесам да се испере и да усисам внатре, нормално ќе ставам и некоја слика плус.
До сега начекав на 2 проблеми, ќе ја надополна темава деновиве што како се случуваше (го форматирав компјутеров, пола слики незнам кај ми се ), и исто така може и некое видео да ставам од убрзување/меѓуубрзување/потрошувачка.
Слободно некој ако сака и ако го поседува овој модел на Tucson, нека пише, би сакал да размениме искуства и слично.
Фала, поздрав.