Автор Тема: Проценка Renault Clio 1.6  (Прочитано 3120 пати)

Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Проценка Renault Clio 1.6
« на: 24 Јуни 2020, 08:34:00 am »
Не знам дали е ова вистинскиот подфорум за вакво прашање, ако не е нека се премести темата.
Ќе ве замолам за проценка (груба затоа што немам поставено слики) за следново возило кое планирам да го продавам:
Renault Clio 1.6, 110 KS (бензин). Возилото е од 2003 година (прв сопственик) и има поминато 150.000 км. Регистрирано до јуни 2021, направен редовен годишен сервис сега во јуни (уље, филтри). Естетски е во добра состојба (најголема маана е излупен кров).

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #1 на: 24 Јуни 2020, 09:40:44 am »
Опрема ?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #2 на: 24 Јуни 2020, 09:48:59 am »
@Buzuki

Sent from my Redmi


Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #3 на: 24 Јуни 2020, 10:22:17 am »
Опрема ?
Опрема - серво, АБС; електрика на предни стакла, клима нефункционална (расипан е хладњакот на климата), магленки (треба да се сменат), електрика на ретровизори, бандажи TSW, радио.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #4 на: 24 Јуни 2020, 11:05:48 am »
1800€ ако земиш добро ќе биди, под услов тие од 2000€ на реклама да се исправни целосно.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #5 на: 24 Јуни 2020, 11:23:14 am »
1800€ Бузуки го продава со 1.5dci.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17501
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #6 на: 24 Јуни 2020, 13:43:25 pm »
Јас би рекол да очекуваш пониски понуди од ова што ти го зборат, без разлика што колата е од прв газда.

150.000 се здрава километража, и дополнително симнува на цена неисправната клима баш пред летна сезона. Или среди ги фалинките што ги има колата и огласи ја испрана, чиста и со убави слики за над 2000 евра, или помири се со цена од околу 1500-1600.

Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #7 на: 24 Јуни 2020, 13:59:16 pm »
Јас би рекол да очекуваш пониски понуди од ова што ти го зборат, без разлика што колата е од прв газда.

150.000 се здрава километража, и дополнително симнува на цена неисправната клима баш пред летна сезона. Или среди ги фалинките што ги има колата и огласи ја испрана, чиста и со убави слики за над 2000 евра, или помири се со цена од околу 1500-1600.
Свесен сум дека со некои (не којзнае колку големи) поправки ќе добие на цена, ама немам време (мислам не се брзам да ја продадам туку не ми се троши време за тоа). Може некој ќе биде заинтересиран да ја земе, потсреди и продаде за повеќе, ќе видиме. Битно до сега има некој ценовен ранг - 1500-1800 според членовите.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #8 на: 24 Јуни 2020, 14:27:24 pm »
Огласи ја 2000 и спушти ја другиот ден на 1600-1700. Стара фора по огласите која сеуште пали кај народот.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #9 на: 24 Јуни 2020, 15:41:00 pm »
1500€ мах.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #10 на: 24 Јуни 2020, 18:57:00 pm »
Јас моето со 1.5 дци и 166.000км го дадов 1600 евра пред 1 недела..

Репарирани дизни све топ состојба освен некој држач од мотор (или што и да беше), при тргнување тресеше.. И имаше некое капкање на уље одоздола (првпат го видов и баш се зачудев)..
Меѓутоа имаше 2 пара бандажи со летни и зимски гуми, атест фолии, клима исправна наполнета, радио усб со нови звучници..

Е сега твоето нема плин, климата не функционира, излупен кров.. тоа да се среди треба минимум 600 евра.. Така да реална цена не би рекол повеќе од 1400 евра.. Во секој случај не ти се исплаќа да го продаваш, не е некоја цифра а си дал торба пари за него..

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #11 на: 24 Јуни 2020, 19:16:06 pm »
Бузуки ако не се лажам веќе втор пат го продаваш 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #12 на: 24 Јуни 2020, 21:38:07 pm »
Јас моето со 1.5 дци и 166.000км го дадов 1600 евра пред 1 недела..

Репарирани дизни све топ состојба освен некој држач од мотор (или што и да беше), при тргнување тресеше.. И имаше некое капкање на уље одоздола (првпат го видов и баш се зачудев)..
Меѓутоа имаше 2 пара бандажи со летни и зимски гуми, атест фолии, клима исправна наполнета, радио усб со нови звучници..

Е сега твоето нема плин, климата не функционира, излупен кров.. тоа да се среди треба минимум 600 евра.. Така да реална цена не би рекол повеќе од 1400 евра.. Во секој случај не ти се исплаќа да го продаваш, не е некоја цифра а си дал торба пари за него..
Го ценам твоето мислење, но не се согласувам за цената :-) Клиото го купив за 13.400 евра во 2003 година. Можеби се под 2000 евра во денешно време изгледа дека не се исплати да се продава ама подобро е да земам пари отколку да дреме на паркинг :-)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #13 на: 24 Јуни 2020, 21:53:48 pm »
Си изгубил 12.000 евра човече ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Проценка Renault Clio 1.6
« Одговори #14 на: 24 Јуни 2020, 23:05:15 pm »
Јас моето со 1.5 дци и 166.000км го дадов 1600 евра пред 1 недела..

Репарирани дизни све топ состојба освен некој држач од мотор (или што и да беше), при тргнување тресеше.. И имаше некое капкање на уље одоздола (првпат го видов и баш се зачудев)..
Меѓутоа имаше 2 пара бандажи со летни и зимски гуми, атест фолии, клима исправна наполнета, радио усб со нови звучници..

Е сега твоето нема плин, климата не функционира, излупен кров.. тоа да се среди треба минимум 600 евра.. Така да реална цена не би рекол повеќе од 1400 евра.. Во секој случај не ти се исплаќа да го продаваш, не е некоја цифра а си дал торба пари за него..
Го ценам твоето мислење, но не се согласувам за цената :-) Клиото го купив за 13.400 евра во 2003 година. Можеби се под 2000 евра во денешно време изгледа дека не се исплати да се продава ама подобро е да земам пари отколку да дреме на паркинг :-)
Секој си има право да си го цени своето, ама неможеш така да гледаш, не после 17 години. Пазарот е презаситен со коли, конкуренција на секој двор да не речам, има секакви и за секој џеб.
Јас само ќе ти посакам среќа во продажбата и што побрзо да го продадеш.