Идејата е следна
Поврзување на дополнителен deep cycle акумулатор кој ќе се користи само кога колата не работи, а ќе се полни дододека колата работи. Идеална опција за кампинг.
Читав дека е потребен соленоид или диоди кои би ја прекинале врската помеѓу основниот акумулатор и дополнителниот кога колата не работи.
На тој начин ќе се заштити основниот акумулатор од празнење, а ќе може да го користам дополнителниот за светло , полнење телефон и остало.
Се јавив на неколку електричари, никој не се нафати, дури добив одговор дека нема време за такви ексерименти
Дали некој познава електричар кој би се нафатил да ги поврзе, или пак знаете каде може да купам соленоид или диоди кај нас, па да се обидам сам да го поврзам.
Според шемите кои ги најдов, делува доста едноставно.