Поздрав момци

Пред година и нешто имав слична тема за предлог, но остана на тоа. Во меѓувреме останав без работа и....
Дојде време да се смени Бравото (1.9, 105 hp, 2001). Сакам да купам хечбек со 5 врати и моделите од насловот на темата ми се во потесен избор.
Буџетот е некаде 5-6к евра. Би сакал дизел мотор.
Неделно минувам околу 1000км. Некои основни потреби од опрема ми се команди на волан, темпомат, USB приклучок....
Во врска со моделите ќе ги издвојам овака:
Golf 6Во дилема сум дали да одам на 1.6 TDI (105 hp) или на 2.0 TDI (140 hp). Впрочем, денеска ќе одам да видам еден примерок со 105 коња.
Opel Astra JСе мислев дали да гледам 1.7 CDTI (125 hp) или 2.0 CDTI (160 hp). Но вчера, разгледувајќи тука по интернетов налетав на многу проблеми со М32 менувачот на 1.7 CDTI, додека 2.0 CDTI користи F40.
Астрата ми е најлична од сите, да бидам искрен. Малку сум и сентиментално поврзан со Астра, имавме фамилијарна Астра 95' годиште, ја убивме по одмори до Турција.
Seat Leon (фејслифт)Истиот избор на мотови како кај Голфот.
Ве замолувам за некое предлогче или ако имате лично искуство со моделиве. Знам дека Марјанот имаше Леонче со Фејслифт, Astra GTC има Xenon. А админот немаше Голф нешто исто?
