Секој купува гуми онолку колку што има пари, тоа не е за потсмев и ниту за навреда.
Можеби сум дупло постар од тебе, внимавај малку на речникот.
Не ме интересира што кажува „типот“, не следам видеа што се само за кликови. Башка му дадов шанса пошто си се фатил за него, го изгледав и освен тоа што кажа дека му се искинале гумите ништо друго. Каква била ситуацијата, каков пат, какви гуми користел ништо не спомнува. Каков заклучок за безбедност ќе извадиш од него? Самиот кажува дека не се разбира од гуми и дека тоа што ќе му предложат другите тоа зема. Ниту истражува, ниту чита, ниту пробал. Земал Клебер и рекламира сега, ете видеото е реклама за некого таму во Србија. Толку не читате меѓу редови?
Освен дека не паднал снегот и дека зимска опрема во Србија е до 1 април, друго ништо корисно нема за нас.
Јас делумно донесов одлука и сигурно не се кинески гуми, ниту Клебер. Поголемиот дел ми ги препорачуваат Ханкок како компромис помеѓу цена и квалитет и се согласувам со нив. Но, би сакал да пробам друга гума и таа е сигурно од премиум класа. Не е Континентал пошто немам толку пари за неа - 125 еур по гума.