Автор Тема: Нови летни гуми  (Прочитано 53515 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #15 на: 19 Февруари 2020, 21:03:47 pm »
205/60 R16
А бандажите ти со 5 или со 4 дупки за шрафови?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #16 на: 19 Февруари 2020, 21:18:24 pm »
205/60 R16

Малку од поскапите димензии, ама како и да е од наведените модели има во таа димензија.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #17 на: 19 Февруари 2020, 21:22:28 pm »
Има димензии скоро од сите брендови.
На нет ги гледав и Uniroyal, Matador, Continental, Dunlop ама најмногу ми оставија впечаток Bridgestone па после Matador како поевтини.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #18 на: 19 Февруари 2020, 21:26:10 pm »
Зошто ти оставија впечаток Бриџстон и Матадор?

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #19 на: 19 Февруари 2020, 21:29:34 pm »
Ги погледнав мислењата од линковите.
https://www.youtube.com/watch?v=ZJ27ZnXqyd8
https://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Bridgestone/Turanza-T005.htm

https://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Matador/MP-47-Hectorra-3.htm
Матадор е целосно под Континентал. Ваљда имаат применето некоја технологија од нив.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #20 на: 19 Февруари 2020, 21:42:41 pm »
Матадор е целосно под Континентал. Ваљда имаат применето некоја технологија од нив.

Континентал е огромна фирма желна за профит. Профит има и кај премиум и кај биџет производите. Кога Континентал не сака да произведува срање, да си го валка името а сака да цепа профит, купува фирма како Матадор и тера даље со нив, настапувајќи под друг бренд а јадејќи го профитот. Технолоигија сумјам дека дава во процесот, пошто технологијата кошта... а сепак не сака Матадор да биде конкуренција на Континентал.

Така да, што би рекол Симо, муабетот дека Матадор е под Континентал (макар и целосно, што и да значи тоа) не проаѓа ни на сточен пазар у Ѓаковица, тоа е веќе Пеќка школа.
Матадор е брендот со кој Континентал се трка за профит на буџет пазарите и тоа е се, нема што да се додаде. Ако уденале конче у окце и се погодило добра комбинација на карактеристики тогаш у реду, али да се спомиња Континентал во контестот тоа е ептен забегана работа. Впрочем и тестовите генерално го крепат кажаново.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #21 на: 19 Февруари 2020, 21:48:16 pm »
Да знам дека е така.
Затоа од поевтините гуми ја одбрав само Матадор затоа што е сепак под Континентал.

А за бриџстоне погледна што пишува? Што мислиш? И другите што мислат за нив?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #22 на: 19 Февруари 2020, 22:04:59 pm »
Да знам дека е така.
Затоа од поевтините гуми ја одбрав само Матадор затоа што е сепак под Континентал.

А за бриџстоне погледна што пишува? Што мислиш? И другите што мислат за нив?
Ама ти пак Матадор под КОнтинентал ;D се шалам.

Бриџстон Туранза моментално возам, само еден модел постари. Што знам, немам впечаток дека се особено добри гуми. Имам впечаток дека се тврди. На суво добро држат ама на мокро не знам, маме му ебем, не заврна годинава :(

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #23 на: 19 Февруари 2020, 22:11:22 pm »
Бриџстон имале проблем со гумите, но со последниве т005 демек се подобри.
т001 се исто добри, а т005 уште подобри. На ревјуа и тестови се покажуваат како доста солидни, значи на хартија тежат многу, а во реалност е друго.

Ханкок или Бриџстон ти остава подобар впечаток на суво? Патем за Бриџстон пишуваат дека кога возат на влажно не се чуствувале дека подлогата е влажна.
Утре и задутре треба да врне.  ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #24 на: 19 Февруари 2020, 22:27:44 pm »
Ханкок или Бриџстон ти остава подобар впечаток на суво? Патем за Бриџстон пишуваат дека кога возат на влажно не се чуствувале дека подлогата е влажна.
Утре и задутре треба да врне.  ;)

На суво имам впечаток дека исто држат, меѓутоа Ханкукот се забележително помеки и потивки. На мокро во принцип возам дефанзивно и никогаш не ми се има случено да осетам аквапланинг ни со едните ни со другите. Подлогата и онака не чувствуваш каква е додека не осетиш пролизгување. Меѓутоа тоа е комплицирано, ми пролизгале и на мокро и на суво и двете, но секогаш било очекувано и било или при поаѓање или при вртење, на лизгав асфалт, на белата боја со која цртаат ленти и пешаки и врз лисја. За среќа никогаш ми немаат пролизгано на повисоки брзини на мокро но како што реков, не ми се случува да се доведам во таква ситуација.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #25 на: 19 Февруари 2020, 22:34:36 pm »
Јасно ми е.
Ханкок имав користено и сум така така задоволен. Мислам дека беа Optimo ако добро се сеќавам. Не знам дали уште ги прават.
А Бриџстон имаше еден период кога беа супериорни во исто време додека беа во Ф1.

Аквапланинг не сум имал до сеа и не ни сакам да имам искуство.  :-X
Некако најмногу ме превлекуваат Бриџстон поради ривјуата, башка ако е потврда може подолго да трае, мада ќе биде и поспора или помалку ќе лепи на пат. За бучавата нема да биде проблем, дизел кога е во прашање не се слушаат гуми. ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #26 на: 20 Февруари 2020, 07:56:02 am »
Незнам што е слично на еден бренд и 100 различни верзии?

Значи ти вика Ханкук Кинерџи, тие врска немаат со Оптими ни со Вентус. Ни со Бриџстоун ни со Бутур.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #27 на: 20 Февруари 2020, 10:08:39 am »
Никој не пиша дека некои гуми имале врска една со друга освен што се сите гуми за коли.
Јас пишав дека сум користел Hankook порано и не знам дали уште ги произведуваат. Колку напреднале од тогаш до денес не знам. Беа така-така. Колата знаеше да ми пролизга ама многу малку. Fulda беа катастрофа. Еден месец или два и веднаш почнаа да лизгаат. Јас имав лошо искуство со некои гуми, за некого тие се во ред или можеби навистина му се погодиле. Сите имаме по некое искуство и ништо не фали ниту некој се буни ако го сподели своето мислење. 

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2662
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #28 на: 20 Февруари 2020, 10:38:58 am »
Hankook naprednale i toa bajagi.
Sekako zavisi i od model do model

Eseneska montirav Ventus Prime 3, top guma po solidna cena. Pred toa izvozev dva seta Michelin Primacy.
Na suvo pandan na Premium brendovi, na nekoi testovi duri i podobra.
Malce sitno zaostanuva na vlazno. Moze nema da traat ko Michelin no za paite vredat sekoj denar.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #29 на: 20 Февруари 2020, 11:00:00 am »
Генерално, секоја нова гума е добра првите 20.000 км во услови на нормална експлоатација, односно, возење по знаци до +10% над дозволеното, без непотребно кочење на 2метра пред црвен семафор, без тргнување на зелено како животот да ти зависи од тоа, итн.
Ако ти е стилот на возење агресивен, ќе си купиш од најскапите и ќе ги менуваш на секои 20.000, а ако во меѓувреме нешто не ти штима ќе си купиш веднаш некои други  од дрруг бренд :)

Од гумите што сум ги возел досега, буквално сите почнувале да губат својства по изминати 50.000км, базирано на порано активирање абс во банални не толку опасни околности. Земено во предвид дека мојот стил на возење не е претерано агресивен.

Од сето ова, основен параметар во изборот на гуми би ми бил расположив буџет, потоа бучавост, дури потоа би одлучувале нијанси од однесување на мокро, суво и сл..

Интересно е да се знае дека ист бренд на гуми се однесуват различно на различни коли, барем во поглед на бучавоста.