Автор Тема: Нови летни гуми  (Прочитано 53487 пати)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #30 на: 20 Февруари 2020, 11:18:46 am »
Не сум „неизветреано детиште“ па да се тркам по градов или надвор. Можеби возам повеќе од 20 години и преферирам нормално возење, т.е. школско возење. И никогаш не сум брзал со кола така да не знам како се трошат гуми со брзо возење, но знам како може гума да лизга на нормално тргање, т.е. да врти во место или да изврти кола со 20-30km/h.

Тоа што го пиша е во ред. Она што мене ми треба е да не ми откаже гума за банална работа.
@Mikius

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #31 на: 20 Февруари 2020, 11:35:28 am »
Не поистоветувај поагресивен стил на возење со неизветреано детиште :)

За да избегнеш ситуации како што опиша ќе си менуваш поредовно гуми, да речеме на 50.000км.

Еден период во младоста возев купени половни Мишелинки, ме убедија конечно да купам нови и зедов Тигар.
На тргнување ми изгаси колата како на почетник ;D
Морав да го приспитам начинот на отпуштање кумплунг ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #32 на: 20 Февруари 2020, 12:06:27 pm »
Генерално, секоја нова гума е добра првите 20.000 км во услови на нормална експлоатација, односно, возење по знаци до +10% над дозволеното, без непотребно кочење на 2метра пред црвен семафор, без тргнување на зелено како животот да ти зависи од тоа, итн.
Ако ти е стилот на возење агресивен, ќе си купиш од најскапите и ќе ги менуваш на секои 20.000, а ако во меѓувреме нешто не ти штима ќе си купиш веднаш некои други  од дрруг бренд :)

Од гумите што сум ги возел досега, буквално сите почнувале да губат својства по изминати 50.000км, базирано на порано активирање абс во банални не толку опасни околности. Земено во предвид дека мојот стил на возење не е претерано агресивен.

Од сето ова, основен параметар во изборот на гуми би ми бил расположив буџет, потоа бучавост, дури потоа би одлучувале нијанси од однесување на мокро, суво и сл..

Интересно е да се знае дека ист бренд на гуми се однесуват различно на различни коли, барем во поглед на бучавоста.




Самата гума има век на траење од 50.000 километри или 5 години.

Што и да настапи прво.

Си знам по моите - Ханкук Кинерџи Еко, после четири години и 50.000 километри веќе не беше истата гума, иако ја возев 5 години и ~60.000 километри.

Исто и фабричките Данлоп - после петтата година веќе бучавата во кабината беше неподнослива. Немаа повеќе од 35.000 километри.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #33 на: 20 Февруари 2020, 12:11:50 pm »
Ok ќе гледам меѓу Bridgestone Turanza и Hankook Kinergy.
Ваљда ќе направам добар избор.

Повеќето сте ги користеле Hankook и ме чуди што само еден има со искуство со Bridgestone. Не знам дали цената била во прашање за другите или Bridgestone се толку лоши според вас? Мада и тој еден што ги користел Bridgestone има позитивно искуство.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #34 на: 20 Февруари 2020, 12:13:19 pm »
Некој ти препорача Бриџстоун?

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #35 на: 20 Февруари 2020, 12:19:06 pm »
@Deni Да, во друга тема пишал дека ги користи па таму го прашав. Најверојатно не ја видел оваа тема и затоа не пишал во оваа. Еве цитати од @Leon-cist :

Turanza t001 e premium guma. Licno gi vozam na mojata sedmica so dimenzija 205/55/16 - 91H. Odlicen grip, precizna voznja, tivka guma. Deluvat mnogu sigurni pri pogolemi brzini na suvo i vlazen pat po krivini za razlika od michelin primacy 4 ili goodyear eagle f1 (moe licno iskustvo). No zatoa i gi plativ po 5300 den parce za ova dimenzija pred dve godini vo euroguma skopje. Ako parite ne ti se problem togas zemi gi i nema da zazalis. Sega sum na potraga za novi letni gumi za kolata na tatko mi pa zatoa i postirV dilema pomegu sava i debica koi se od kategorijata mid range ili budget tire mislam
@Leon-cist милсиш на t001 или на t005 да земам?
t005 e nova serija na guma, pretpostavuvam deka bi trebalo da bide uste pokvalitetna od t001, istotaka i hankook ventus prime 3 e nova serija na guma koja spored testovite na adac kotira ramo do ramo so turanza

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #36 на: 20 Февруари 2020, 12:39:14 pm »
Пред 12 години имам возено Бриџстон ;D тогаш немав замерка :) но тој модел веќе не се произведува ;D

На i30 возам фабрички ханкук кинерџи 425, немам никаква замерка освен што во мојата кола се бучни (Од прв ден).
Имав прилика истите да ги возам во 206ка, милина.

Истата прича и со i10, лани ги сменив со Сава Перфекта, се намали бучавата, но пукнатините на коловоз повеќе се чувствуваат.
« Последно менување: 20 Февруари 2020, 12:44:31 pm Mikius »

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #37 на: 20 Февруари 2020, 12:44:26 pm »
Јас ги возам https://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Bridgestone/Turanza-T005.htm на фиеста , 16ки. Колата ја земав со нив , стари се околу година и нешто ситно , шара имаат околу ~ 6.5мм. Можам да ти кажам дека држат одлично и на суво и на мокро. При поагресивна вожњна (кривини) никогаш не ме разочарале. На тестови котираат доста високо. Не сум ја возел колата со други гуми па неможам да споредам удобност. Како маана би издвоил дека некако брзо се трошат барем такво чуство имам.  Види си која цена ќе ја начекаш од странство , реално цената мислам е пресуден фактор. Ја како следни гуми би ги избрал повторно T005 , Hankook Ventus S1 evo 3 , или пак Nokian Wetproof.

Бонус : Тазе член си , па незнаеш дека тишлеров има една маaна - мора да реплицира на све безразлика дали знае или не , јас на твое место не би го регистрирал воопшто што пишува а уште помалце да го земеш неговиот одговор како релевантен , со тек на време ќе ме разбереш , имај пријатен престој на форумов ;D ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #38 на: 20 Февруари 2020, 12:52:05 pm »
@Bokica не возам агресивно. Нормално возам школски што би се рекло. Околу 80 евра се бриџстон а околу 70 ханкок.
За 10 евра не е проблем разликата ама ако се подобри бриџстон како што ги пишува по нетов и на ривјуа тогаш нив би ги земал.
Колку време ги имаш?

Да млад член сум, не знам кој како пишува уште. Дали од ракав или од искуство. Затоа ќе ме упатите за понатаму.
Фала многу.

@Mikius бриџстон одамна важеле за премиум гуми особено беа добри додека беа во Ф1 и тоа го користеа како реклама. Беа и скапи во тоа време. После се опуштија и продаваа на стара слава па гумите не им беа толку добри. Сега со t001 и t005 ваљда се вратени на стари патеки.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #39 на: 20 Февруари 2020, 13:06:42 pm »

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #40 на: 20 Февруари 2020, 13:27:38 pm »
Кога ќе одберам гума има некаде да даваат дипломи, да одам да се пријавам? Пошто толку опции има како докторат да спрема човек. :-[
Goodyear Efficientgrip 2 е околу 89 евра. Тоа е скоро 30 евра по гума од планираниот буџет, претходно отидов до 80, сега уште 10 плус. Ако вреди гумата тогаш вредат и парите за неа. Ако е таква разликата и колку се трошат е знак прашање. Има некој што ги користи на форумов овие на гудјиеар?


Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #41 на: 20 Февруари 2020, 13:34:29 pm »
Шо threadwear rating имаш на гудјиарот ако ти стигнаа @vlatko.klp?

Toyo Nanoenergy 3 имаат 400 и „ич“ не се трошат, 60000 без проблем ќе истераат и повеќе...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #42 на: 20 Февруари 2020, 13:40:26 pm »
Погоре Diesel напиша многу битна работа која исто така треба да се земе во предвид.
Истото го потврдувам од искуство. Длабочината на шарата на Ханкукот од i10ката не беше компромитирана од прејдената километража, но забот на времето си го направи своето.

Со други зборови, ако поминуваш скромна километража и буџетот ти е ограничен, врати се чекор назад ;D

Влатко е друга приказна, ако не се лажам годишно поминуваше над 20.000 км.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #43 на: 20 Февруари 2020, 13:44:33 pm »
Погоре Diesel напиша многу битна работа која исто така треба да се земе во предвид.
Истото го потврдувам од искуство. Длабочината на шарата на Ханкукот од i10ката не беше компромитирана од прејдената километража, но забот на времето си го направи своето.

Со други зборови, ако поминуваш скромна километража и буџетот ти е ограничен, врати се чекор назад ;D

Влатко е друга приказна, ако не се лажам годишно поминуваше над 20.000 км.
Toчно така, ние ретко кога стигнуваме 50000км за 5 години да поминеме.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Нови летни гуми
« Одговори #44 на: 20 Февруари 2020, 13:45:21 pm »
Ќе ја возам колата и на подолги релации до 1.000km и кусур така да затоа сакам да земам некоја гума што нема да ја мислам за буџет до 80евра по гума.