Здраво дечки, прво позз до сите, а сеа некое мислење се бара кој знае - знае кој не ке научи
Се дешава следново: Колата е Форд Фиеста 2009 1.4TDCI и се си е топ. Лани одам на одмор се ашкаме 600-700 км се враќаме и негде на влез во Скопје си идам 130-140 од еднаш губи снага и на бордот се покажува Engine mailfunction stop safetly, работи ама едвај оди. Стигнав дома некако полека кога давам гас не влече и реже, а на мала гас оди полека. Стигам дома гасам кола, вадам торби носам дома, слагам да ја препаркирам колава нема проблем си тера ко ништо да не било. И така цела година си ја возам нема проблем. На компјутер ја ставив не покажува проблем. Следна година доаѓа време за одмор. Одиме Црна Гора возиме 700 км ашкаме таму сегде, доаѓа време за да си одиме тргаме возиме едно 200 км и оп пак исто само сега далеку далеку од дома. Полека полека до бензиска, ја одморивме пиевме кафе палам нема проблем ама уз возење како да засецкуваше по некад па штом засецка давам гас да увлече и стигнавме дома без проблем. И така наредна цела година тука никад не појави таков проблем возена и на автопат и градска колава нема проблем. Сега се враќам од зимување и на влез во Скопје само засецка неколку пати но тоа беа симптомите на проблемот на претходните 2 пати кога губеше снага моторот, само намалив брзина и се изгуби сецкањето. Сега исто си е во ред нооо се плашам да тргнам на одмор