Кај Гоце алатничар металоструг во камник само треба убаво да му објасниш што сакаш да ви направат ама баш убаво да му објаснуваш за да навлезе во главата на Гоце алатничарот за да има престава, но за 100% прецизност никој не може да направи освен во Микросам во прилеп со голем притисок млаз се засечува без глодалка
Под прецизност мислев да биде засекот чист, јасен, и да нема оштетување на други делови од парчето. Толеранцијата која е дозволива е 0,1мм - ова треба да е тешка смешка, имајќи предвид дека просечна барана толеранција за глодалка е 0,01мм.
Нема потреба од WaterJet, а и не може да се искористи тука. Ова е делумен засек - не е дупка. За WaterJet има повеќе опции.
Јас можам ова да го средам со глодалката од средно шо ја работев.
@InSides незнам никој лично во Ск шо се занимава со ова. Имам 2 пријатели шо имат ЦНЦ за мебел. Ако сакаш да ги прашам нив дали можат да монтират алат за метал?
Да најдам ефтина глодалка, во подрум би си ја ставил. Нејсе.
Би бил благодарен ако можеш да прашаш. Нема потреба од ЦНЦ, доволна е само глодалка која може рачно да го поместува делот по X и Y оска. Имам и разработена техничка постапка, како да се намести делот, како да се прифати/стегне, како да се движи глодалото...
...но немам глодалка.