Автор Тема: Препорака за металостругар со глодалка?  (Прочитано 2128 пати)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Препорака за металостругар со глодалка?
« на: 13 Февруари 2020, 22:38:50 pm »
Затоа што речиси 90% од се што сум прашал на форумов за наоѓање сум добил, уште еднаш се потпирам на форумските богови со специфично прашање.

Дали можете да ми препорачате металостругар, кој има (и знае да користи) глодалка? Клучно е да е прецизен (*), и да не му пречи да се зафати на "ситна работа". Се работи за доработка на алуминиумски дел, неколку "засеци" кои не можат да се направат на струг. Без разлика што е ситна работа, не планирам да сугерирам цена за која треба да се изработи - тоа ќе си каже мајсторот. :)

Би ценел особено доколку препорачате човек / фирма со која сте имале лично директно искуство, затоа што (во моето досегашно искуство) мајсторите се поприемчиви кога ќе отидам препорачан од постоечки муштерија.

Благодарам, и ветувам пијалок за секој што ќе помогне.

:)

(*) Прецизен е важно затоа што делот по обработката ќе се елоксира. А за да се елоксира, финалната површина мора да биде беспрекорна, без видливи оштетувања/гребаници.

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Препорака за металостругар со глодалка?
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2020, 09:56:07 am »
Кај Гоце алатничар металоструг во камник само треба убаво да му објасниш што сакаш да ви направат ама баш убаво да му објаснуваш за да навлезе во главата на Гоце алатничарот за да има престава, но за 100% прецизност никој не може да направи освен во Микросам во прилеп со голем притисок млаз се засечува без глодалка


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Препорака за металостругар со глодалка?
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2020, 11:13:48 am »
Де бе до Микросам стигнавте.

Јас можам ова да го средам со глодалката од средно шо ја работев.

@InSides незнам никој лично во Ск шо се занимава со ова. Имам 2 пријатели шо имат ЦНЦ за мебел. Ако сакаш да ги прашам нив дали можат да монтират алат за метал?

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Препорака за металостругар со глодалка?
« Одговори #3 на: 14 Февруари 2020, 11:22:42 am »
Кај Гоце алатничар металоструг во камник само треба убаво да му објасниш што сакаш да ви направат ама баш убаво да му објаснуваш за да навлезе во главата на Гоце алатничарот за да има престава, но за 100% прецизност никој не може да направи освен во Микросам во прилеп со голем притисок млаз се засечува без глодалка

Под прецизност мислев да биде засекот чист, јасен, и да нема оштетување на други делови од парчето. Толеранцијата која е дозволива е 0,1мм - ова треба да е тешка смешка, имајќи предвид дека просечна барана толеранција за глодалка е 0,01мм.

Нема потреба од WaterJet, а и не може да се искористи тука. Ова е делумен засек - не е дупка. За WaterJet има повеќе опции.

Јас можам ова да го средам со глодалката од средно шо ја работев.

@InSides незнам никој лично во Ск шо се занимава со ова. Имам 2 пријатели шо имат ЦНЦ за мебел. Ако сакаш да ги прашам нив дали можат да монтират алат за метал?

Да најдам ефтина глодалка, во подрум би си ја ставил. Нејсе.

Би бил благодарен ако можеш да прашаш. Нема потреба од ЦНЦ, доволна е само глодалка која може рачно да го поместува делот по X и Y оска. Имам и разработена техничка постапка, како да се намести делот, како да се прифати/стегне, како да се движи глодалото...

...но немам глодалка. :)

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Препорака за металостругар со глодалка?
« Одговори #4 на: 14 Февруари 2020, 16:20:06 pm »
Slika ili crtrez imas.?

Sent from my SNE-LX1 using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6738
  • Бенве сие бенве
Одг: Препорака за металостругар со глодалка?
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2020, 19:20:23 pm »
https://www.facebook.com/Samarov-Trejd-960928343930560/

Еве ти во велес, самарот е одамна мајстор на дребонг

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Препорака за металостругар со глодалка?
« Одговори #6 на: 16 Февруари 2020, 21:23:01 pm »
Еве ти во велес, самарот е одамна мајстор на дребонг

Самарот е извонреден, ама за жал презафатен. :(