Ааа видиш имало во оваа тема. Јас не спиев, го чував татко ми кој беше полусвесен.
Првиот земјотрес траеше може цела минута. Баш се концентрирав да видам колку долго ќе трае. Го осетив уште кога беше слаб, па се појачуваше и кога беше најсилно почнаа прозорите кај мене да крцкаат. Татко ми се подосвести и вика: иии абе земјотрес сонував (него се му се чини како сон пошто е под Метадон). Не бе му викам, глеј како се клати лустерот, земјотрес беше во реалност.