Автор Тема: БМВ 525  (Прочитано 3751 пати)

Отсутен Joker.tse

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
БМВ 525
« на: 28 Јануари 2020, 16:50:07 pm »
Здраво дечки ова е мојот Баварец и од опрема поседува автентичност од 1996 година со кожни седишта и климатроник.

BMW-то носи ознака m51 2.5 143 коњски сили на 6 цилиндри, и истиот има нова бош пумпа,усисна,нови летви,нова амортизација (е39 '03),
автоматски мењач кој е сервисиран (нов чип ако не се лажам) и е многу прецизен .
Бацарецот има поминато 279.xxx километри, кој до ден денес нема карозија(постојано гаражиран) нема чад (освен бел на ладно палење).
Звкукот на моторот е нешто што не можам да ви го опишам, ке добиете на пролет некое видео снимено на GoPro.
Бојата е оригинал нема фарбано, се вози на 205-60-16 Pireli p7 гуми, надворешно има xenon adaptive фарови од Faceliftot на e39 и штопови исто така,хромирани лајсни и другото е историја на BMW.

За колата имав во план да поставам mk4 BMW радио со навигација,но трансплатацијата со кабли искача ѓавол ипол па се откажав.На пролет ќе биде освежена со нови пошироки гуми и ке добие минимално освежување на бојата со полир паста.
Неколку проектчкиња што ми се во план е да добие , темпомат трансплатација, внатрешно dim осветлување на кваките (од е38) и над ентериерот и доколку се најде соодветна навигација (AVANT 4) во Македонија и таа да биде инсталирана заедно со команди на волан.
Исто така  и звучниците ќе бидат променети доколку имате некој предлог пишете ви благодарам.
Нешто ако ми текне ќе допишам ама углавном тоа е тоа, BMW е вистински мерак зимово беше првпат извадено после 4 години и се враќа во гаража до почеток на март, доколку некој го приметил нека сподели мислење.


Ова се неколку слики што ги имам во телефон, за жал внатре немам. Кожата е одржувана со маст (некогаш саламандер крема), и доаѓа со црни махагони.

Поздрав CarClub!
https://ibb.co/TbKpD9Y
https://ibb.co/pKwmrWy
https://ibb.co/yk575r5
https://ibb.co/z8VCTJT
https://ibb.co/WP4T5NY
https://ibb.co/NtNhyV9
https://ibb.co/k8pd6T8
https://ibb.co/RS7JBB0
https://ibb.co/rcfq3TQ

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: БМВ 525
« Одговори #1 на: 28 Јануари 2020, 17:39:11 pm »
Добредојде!
У фтора фрла ли го гзо?😁

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk


Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: БМВ 525
« Одговори #2 на: 28 Јануари 2020, 18:35:18 pm »
Аууу браво ! ретко добро зачувана е39ка , обично све некои бајовци ги возат у стилот "баки вчера 180 сум го кренал како иде неси сфесен, несто ми тропка напрет ама којго врти хехех", па асален примерок скоро ни да нема.
Бандажите :-*  :-*
Одлични планови имаш за колава , само напред  :D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: БМВ 525
« Одговори #3 на: 28 Јануари 2020, 18:35:44 pm »
ТДС нешто друго врла, а и не е за стискање...

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Joker.tse

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: БМВ 525
« Одговори #4 на: 28 Јануари 2020, 18:57:10 pm »
Фрла 12литра на 100км, и на kick down кога трепка семафорот :) но се вози исклучително домакински, наскоро ке добие комплет сервис и оваа година ќе биде поактивна.
Моторот доага со 5 брзини, и се солидно усогласени должините максимална му околу 210kmh.
Сум размислувал за ЧИП или евентуално турбо да се промени,но дополнителна агресија само може да наштети прибидејки TDS работи на висока температура, загрева за скоро 1км поминат а лади више од 1 саат.

Поздрав!

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: БМВ 525
« Одговори #5 на: 28 Јануари 2020, 19:06:54 pm »
ТДС прегрева многу лесно, треба пазење

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Joker.tse

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: БМВ 525
« Одговори #6 на: 28 Јануари 2020, 19:24:35 pm »
Некое искуство да ми споделиш?

На голем дел од работите е внимавано,сменети црева за притисок, прочистен егер вентил и проверен е кулерот дали пушта негде.
Досега не сум користел адетиви за прочистување преку нафта,некоја препорака?

дополна,исто така и сум немал проблем околу прегревањето но сегаааа кога ми спомна. :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: БМВ 525
« Одговори #7 на: 28 Јануари 2020, 19:26:17 pm »
Со здравје да се вози, ијас имам исти модел (на изглед скоро идентични) али 528i од 2000 година со внатрешем м пакет, крем ентериер и спортско подвозје.. За зимски сетап ги имам истите бандажи а за летни имам 18ки ббс... Исто така исти фарови имаме ставено а ме интересира штоповите ти му ги ставаше или ? Дали се оргинални и дали пасираат од редизајн на нередизајн ?

Имам земено и оригинална мултимедија за внатре, деновиве ќе ја ставам.. Тоа фабричката со екран не ја бива, нема ни аукс ни усб ни блутут...  Плус за ова ти треба само ИСО конектор кој кошта околу 300 400 денари..



« Последно менување: 28 Јануари 2020, 19:32:23 pm Бузуки »

Отсутен Joker.tse

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: БМВ 525
« Одговори #8 на: 28 Јануари 2020, 20:04:27 pm »
Штопот е на Hella, 99% приближност на OEM BMW.

Со редизајнот имаат различни поврзувања и шема во кутијата, не ги пасува со предизајнот.

« Последно менување: 28 Јануари 2020, 20:23:13 pm Joker.tse »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: БМВ 525
« Одговори #9 на: 28 Јануари 2020, 21:52:08 pm »
ТДС прегрева многу лесно, треба пазење

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Тдс прегрева после изминати 800Ккм.Еден пд најдобрите мотори во историјата на автомобилите.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: БМВ 525
« Одговори #10 на: 29 Јануари 2020, 17:37:20 pm »
Некое искуство да ми споделиш?

На голем дел од работите е внимавано,сменети црева за притисок, прочистен егер вентил и проверен е кулерот дали пушта негде.
Досега не сум користел адетиви за прочистување преку нафта,некоја препорака?

дополна,исто така и сум немал проблем околу прегревањето но сегаааа кога ми спомна. :)

Тдс-от како и сите мотори од тие генерации, си бара редовна контрола и одржување на системот за ладење. Ако не си ја менувал пумпата за вода досега, веднаш барај нова и мењај ја превентивно пошто е стоена толку долго, иначе со денешен квалитет на деловите, препорачлива е редовна замена на 2-3 години за да бидеш раат. Исто проверка на хладњакот е неопходна..........убави спомени ми буди овој мотор, долго се дружев со 2.5, па уште некое време и со скратениот 1.8, многу задоволен бев и од двата!

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: БМВ 525
« Одговори #11 на: 31 Јануари 2020, 16:27:58 pm »
Одлично изгледа, само со редовно одржување ке те служи уште многу.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: БМВ 525
« Одговори #12 на: 31 Јануари 2020, 16:41:07 pm »
ТДС прегрева многу лесно, треба пазење
Sent from my SM-G973F using Tapatalk
Еден од најдобрите мотори во историјата на автомобилите.


ОТ: Добредојде на форумов, честито ново ауто, да те служи и радува многу километри.


Отсутен Joker.tse

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: БМВ 525
« Одговори #13 на: 26 Март 2020, 12:52:54 pm »
Поврзување Head unit mk4 медиа, директен plug and play ,возможно или не?

Моментално e со Bussines CD ,без кабли за Navi SAT и шаржер во ѓепек.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: БМВ 525
« Одговори #14 на: 26 Март 2020, 17:15:50 pm »
Не е директно, ти треба конектор од бмвто на обичен исо.. И потоа на него се уклучува радиото..

Доколку си заинтересиран имам радио мултимедија мп5 со се конектори и со се маска (адаптер) за е39.. Пиши ми инбокс..

https://contigo.mk/index.php/product/mp5-7021g/

Еве видео баш од тоа..