Здраво дечки ова е мојот Баварец и од опрема поседува автентичност од 1996 година со кожни седишта и климатроник.
BMW-то носи ознака m51 2.5 143 коњски сили на 6 цилиндри, и истиот има нова бош пумпа,усисна,нови летви,нова амортизација (е39 '03),
автоматски мењач кој е сервисиран (нов чип ако не се лажам) и е многу прецизен .
Бацарецот има поминато 279.xxx километри, кој до ден денес нема карозија(постојано гаражиран) нема чад (освен бел на ладно палење).
Звкукот на моторот е нешто што не можам да ви го опишам, ке добиете на пролет некое видео снимено на GoPro.
Бојата е оригинал нема фарбано, се вози на 205-60-16 Pireli p7 гуми, надворешно има xenon adaptive фарови од Faceliftot на e39 и штопови исто така,хромирани лајсни и другото е историја на BMW.
За колата имав во план да поставам mk4 BMW радио со навигација,но трансплатацијата со кабли искача ѓавол ипол па се откажав.На пролет ќе биде освежена со нови пошироки гуми и ке добие минимално освежување на бојата со полир паста.
Неколку проектчкиња што ми се во план е да добие , темпомат трансплатација, внатрешно dim осветлување на кваките (од е38) и над ентериерот и доколку се најде соодветна навигација (AVANT 4) во Македонија и таа да биде инсталирана заедно со команди на волан.
Исто така и звучниците ќе бидат променети доколку имате некој предлог пишете ви благодарам.
Нешто ако ми текне ќе допишам ама углавном тоа е тоа, BMW е вистински мерак зимово беше првпат извадено после 4 години и се враќа во гаража до почеток на март, доколку некој го приметил нека сподели мислење.
Ова се неколку слики што ги имам во телефон, за жал внатре немам. Кожата е одржувана со маст (некогаш саламандер крема), и доаѓа со црни махагони.
Поздрав CarClub!
https://ibb.co/TbKpD9Yhttps://ibb.co/pKwmrWyhttps://ibb.co/yk575r5https://ibb.co/z8VCTJThttps://ibb.co/WP4T5NYhttps://ibb.co/NtNhyV9https://ibb.co/k8pd6T8https://ibb.co/RS7JBB0https://ibb.co/rcfq3TQ