Веќе неколку месеци сум во Германија, па почнав да размислувам за купам половно возило тука, најверојатно на кредит, со буџет околу 8000 еур.
Знам има неколку клабери кои повеќе години живеат тука, па сигурно нивните совети и искуство ќе бидат добредојдени, но и на останатите клабери.
Да дефинирам какво возило планирам да земам: средна класа, фамилијарно ауто (Astra, Golf, Ceed, i30, Rapid, Leon и сл), може и некое со повисоко седење, како и караванче, но не СУВ, за тоа немам буџет. Француски аута не би разгледувал воопшто, па ни италијански, туку тоа што се вози тука претежно.
Целта ми е да земам возило кое не е на листата на кварливи аута, да не ми идат парите по поправки. Тука може да влезат и јапански возила како доста квалитетни, ако се во буџетот.
Преферирам бензинец, поради веројатно помали трошоци за поправки, помал данок, но не исклучувам дизел како опција. Би поминувал околу 15К годишно, можеби и повеќе.
Секое мислење е добредојдено

П.С. од кого е најдобро да се купи половно возило? Приватно лице, плацевиве со све и свашта или оние кои продаваат коли вратени од лизинг (претежно возила на фирми)?