Ќе ставиш вентилатор, нејсе не е ни битно, зборот ми беше дека може да се дофилтрираат и тие 1-10% и скоро да нема загадување.
10% ??
10% несогорени материи e и повеќе од добро, за наши услови. Мислам дека нема да ми веруваш ако ти кажам дека дрвата што се горат овде просечно не согоруваат ни 30%. Да, просечно барем 70% (а често и до 90%) од дрвата одат низ оџакот.
Повеќе пати сум го објаснил ова ама ајде уште еднаш. Му требаат 3 до 5 киловати, ама фраерот купува печка на дрва од 15 киловати. Пошто не била многу поскапа од 7киловати моделот. Инаку просечно овдешните печки имаат ~60% ефикасност во согорувањето, ама тоа е само кога горат на најсилно, а ако се намали силината на согорувањето ефикасноста иде многу надолу. И што случува со фраерот од мојот пример?
Кога фраерот ќе ја распали печката од 15 киловати во просторија/стан на кој му треба 3 до 5 киловати, за кратко време станува претопло па фраерот ја намува силината на горење. Всушност го намалува дотокот на кислорот и согорувањето станува ултра-неефикасно, се прави многу чад кој всушност е несогорено дрво. Кога силината на горење е намалена за дрвата „повеќе да траат“, низ оџаците бегаат и над 90% од дрвата во печката.
Тие 90% од дрвата е чадот од оџаците кој паѓа долу наместо да оди нагоре. Тој чад е главната состојка во смогот од кој се гушиме.
Никакви филтри ни вентилатори не ја филтрираат човечката глупост. Тоа е она „ништо не грее како дрва“ а незнајкото лупнал 15 киловати таму каде не му требаат ни 5. Епа нормално дека „ќе грее“, лупни и 7 киловатна клима таму каде ти требаат 3кв па да видиш и тоа како „грее“.
Очекувано е луѓето да не знаат, но има кој треба да знае (а знаат, само се прават дека не знаат). Државата не презема ништо освен мачкање
улици очи. Топлата вода е одамна измислена, не е случајно тоа што во светот во повеќето големи градови е забрането горењето дрва.