Па добро сега со мене зборуваш, не со „повеќето кои се во топли станчиња“, не прејудицирај.
Јас во куќа живеам, од која половината е стар дел направен од „после ратот“. Една од просториите во стариот дел се грее со клима, евтина клима, и замисли - загреана е од климата.

Пошто 3 киловати се секаде 3 киловати, или 5 киловати се секаде 5 киловати. Тие киловати енергија што ти требаат за да се загрееш, од аспект на греењето сеедно е од каков извор на енергија доаѓаат... Струја, дрва, јаглен, нафта, гас, Топлификација, итн.
Енергија е енергија, разликата е само во цената и во загадувањето. Треба да се забрани таа енергија што загадува внатре во градовите. Со указ, или со закон.
А таму некаде во Крушево каде греат само за викенд - па јасно дека треба време за да се загрее куќата. И кај мене да отидеме сите на одмор, ќе се излади куќата и ќе треба време за да се загрее пак.