Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 659286 пати)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2415 на: 19 Декември 2016, 20:47:59 pm »
Ма каков гас, ураниум ни треба ништо друго, единствена шанса ни е северна Кореја да ни шитне.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2416 на: 19 Декември 2016, 20:48:25 pm »
кај нас пре ќе увезуваме струја,зашто тој што увезува е некој глауч у влада и слично,па ќе кркаат јаки провизии од продажба на увезената струја отколку да се направат електраните на гас и да имаме поефтина струја.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2417 на: 19 Декември 2016, 20:49:04 pm »
Добро, сега побарај слика на македонски град со куќи. Тие 100 евра ги трошиш во 5-10 дена во една македонска куќа, никаква изолација не те спасува, само котел со парно кој троши. Многу.
A што, на дрва кога се греат поефикасна им е изолацијата??  :D
Па ако многу енергија трошат, зошто енергијата да е од дрва а не од струја - секако е поевтино на струја.


Струјата на која што се грееме највеќе доаѓа од РЕК Битола
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
А каде е подобро да чури чадов: Некаде уџум во Новаци или внатре во Битола, Скопје, Прилеп, вметни-град...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2418 на: 19 Декември 2016, 20:52:10 pm »
Повеќето живеете во топли станчиња грб со грб, појма немате што значи македонска куќа од полна цигла, и како е потребно 10X повеќе топлина да ја згрееш. Појдете ако не до крушево на викенд, и видете дали ќе се стопли куќа со клима или термоизолациона фасада.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2419 на: 19 Декември 2016, 20:59:07 pm »
Па добро сега со мене зборуваш, не со „повеќето кои се во топли станчиња“, не прејудицирај.
Јас во куќа живеам, од која половината е стар дел направен од „после ратот“. Една од просториите во стариот дел се грее со клима, евтина клима, и замисли - загреана е од климата.  :)

Пошто 3 киловати се секаде 3 киловати, или 5 киловати се секаде 5 киловати. Тие киловати енергија што ти требаат за да се загрееш, од аспект на греењето сеедно е од каков извор на енергија доаѓаат... Струја, дрва, јаглен, нафта, гас, Топлификација, итн.
Енергија е енергија, разликата е само во цената и во загадувањето. Треба да се забрани таа енергија што загадува внатре во градовите. Со указ, или со закон.

А таму некаде во Крушево каде греат само за викенд - па јасно дека треба време за да се загрее куќата. И кај мене да отидеме сите на одмор, ќе се излади куќата и ќе треба време за да се загрее пак.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2420 на: 19 Декември 2016, 21:04:51 pm »
Модерните електрани секако, оваа не е пипната од комунизмот, едвај некој филтер ставија пред некоја година зашто ги стиснаа од ЕУ. Ќе испоцркаме сите ни нема спас.
За да дадеме вакво тврдење мора да имаме поткрепа. Ајде да видиме студии.

Горење биомаса (дрво) наспрема загадувањето од 50 години стара електрана на јаглен, 3 пати поголема емисија на честички

6 пати повеќе емисија на честички од 50 години старата електрана на јаглен во

http://www.maforests.org/Chris_Matera_Biomass_Reality_Check.pdf

Ете значи како било. Една електрана на јаглен која е 50 години стара има 3-6 пати помалку емисија на честички отколку горење на дрво.
А доколку се користи климауред со само 2 COP фактор тоа во реалнсота станува 2 пати поголемо, значи 6-12 пати повеќе честички отколку греење на најефтини и неефикасни клима уреди. Плус, наместо да чади во сред град, таа чади во околината на градот каде има многу помалку жители. Покрај тоа што чади многу, многу помалку отколку сите оџаци собрани.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2421 на: 19 Декември 2016, 21:18:31 pm »
Повеќето живеете во топли станчиња грб со грб, појма немате што значи македонска куќа од полна цигла, и како е потребно 10X повеќе топлина да ја згрееш. Појдете ако не до крушево на викенд, и видете дали ќе се стопли куќа со клима или термоизолациона фасада.

Тие шо живеаат во мали градови(Ресен, Берово...) или во некое село можат слободно да продолжат да се греаат на дрва. Работата е оние шо живаеат во поголемите градиви да почнат да се греат на нешто друго.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2422 на: 19 Декември 2016, 21:39:33 pm »
samo gas luge,na rabota sme vo 10 kvadrati so klima pustena mrzneme, od koga zemav edno malo grealce e banja no sepak dole se plocki i ladno ide a imame 10 - ka stiropor fasada na zidovi, klima mozebivo stan, vo kuka tesko

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2423 на: 19 Декември 2016, 22:08:09 pm »
@Deni Незнам што сакаш ми да докажеш, никогаш не кажав дека горење дрва е подобро од јаглен. Поентата ми е и струјата што ја користиме за греење доаѓа од викторијански начин на производство и сите ако се грееме на струја проблемот со загадувањето нема магично на изчезне. А на страна тоа што ниту па имаме капацитет енергетски да се грееме сите на струја.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2425 на: 23 Декември 2016, 15:30:42 pm »
струјата што ја користиме за греење доаѓа од викторијански начин на производство и сите ако се грееме на струја проблемот со загадувањето нема магично на изчезне. А на страна тоа што ниту па имаме капацитет енергетски да се грееме сите на струја.

Ако луѓето се префрлат на греење со струја, проблемот со загадувањето во Скопје толку би се намалил да навистина целата работа би изгледала „магично“. (исто и со Тетово, Битола, итн)
Загадувањето би се префрлило во некоја рурална средина каде помалку луѓе би страдале од него. Не е најдобро решение, но е многу подобро решение.

Енергетскиот капацитет е релативна работа, и предмет на економски шпекулации - исто како гасификацијата на домаќинствата која никако да се случи, а гасовод е дојден до толку многу индустриски корисници во Скопје. Повеќето Скопјани не се ни пар километри (или стотини метри) од најблискиот до нив крак. Неспроведувањето на гасификацијата е целосно политичка и коруптирана одлука која неуката раја не ја ни гледа. Исто како што има глупи неверувања дека со клима можело да се грее.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2426 на: 23 Декември 2016, 15:49:15 pm »
Кој ќе направи во МК гасовод до секое домаќинство. Една проценка беше дека е потребно 5600 години за такво нешто, спред актуелната брзина на градење.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2427 на: 23 Декември 2016, 16:04:05 pm »
...
Ако луѓето се префрлат на греење со топлински пумпи на струја (клими), проблемот со загадувањето во Скопје толку би се намалил да навистина целата работа би изгледала „магично“. (исто и со Тетово, Битола, итн)

-Малку дополнив, но стварно добро срочено.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2428 на: 23 Декември 2016, 17:06:56 pm »
Кој ќе направи во МК гасовод до секое домаќинство. Една проценка беше дека е потребно 5600 години за такво нешто, спред актуелната брзина на градење.
Спред „актуелната брзина на градење“ никогаш нема да се изгради.
Но тоа не значи дека за една година не може да се изгради, па дури и во наши услови. Па малтене низ цел град има кракови на гасоводот, каков проблем се помалите краци до домаќинствата? Ебаго, еве баш сега се раскопани тротоари и улици во пола Скопје (пред секои избори СЕ) - зарам навистина проблем беше уште еден метар подлабоко да ископаше и цевки за гас да се поставеа, а?

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2429 на: 24 Декември 2016, 23:59:30 pm »
Смрди денес на нешто друго неодредено.
« Последно менување: 25 Декември 2016, 00:07:04 am Klen »
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата