Миле, колку и да е точен твојот опис на ситуацијата - сепак нема извинување за неукоста, неписменоста и незаинтересираноста за основните работи од кои зависи квалитетот на животот.
Земи го во обзир тоа дека огромното мнозинство во оваа држава:
- има интернет на компјутер и/или мобилен телефон
- во просек поминува по неколку саати во разни кладионици и кафеани, или се гледаат фудбал, турски серии, итн, фејсбук денгубења и слично
Па зарем е невозможно дел од тие „ресурси“ да ги вложат во себеедуцирање?
Не, проблемот е во недоветност и неспособност. Затоа ни се случува се што ни се случува.