Прекрасен потег на Југохром за да си го избелат образот, зошто го потекоа со тоа дека „фабриките загадуваат“. Ете ви, видете си сами колку ве загадуваме.
нема да си го избелат образот баш... со затварањето на југохром, бенефит ќе види скопје, затоа што по некој природен канал, 99% од тоа што го испушта југохром во воздухот, доаќа и останува во скопје... сега затварањето ќе се покаже со намалување на загадувањето во џорч таун... кај нив драстично ќе се намали (да не речам преполови) загадувањето... следете, проверете и увидете...
Неможам слика да најдам што ја направив во раната пролет прошлава година од Бродец да видиш кај иде чадот од Југохром. А дека има подобрување има, сеа и во најзамаглените денови во Тетово максимум што измерив беше 500 а пред тоа идеше и до 900 микрограми на кубен метар. За тие што мислеа дека цело загадување е од Југохром и се игнорантни да си признаат на себе дека со нивните скапи камини и парна на ќумур немаат улога у загадувањето да ова не е некоа промена за нив, за мене и тек како е.
jaс па неможам да ги најдам сателитските снимки, кои се јавни и обелоденети, на кои прекрасно се гледа како од југохром целиот дим завршува во скопје... и не си ласкај дека тетово се оправило нешто... загадено е у пм, многу... ако од југохром, по таа линија тоа загадување иде во тетово, ќе помине од кај мојата викендица, а јас сум многу често таму. кај што ми е викендицата ни С нема од смог нити пак З од загадување...
мислам, може вака да се натегаме до сабајле, нити ти имаш реевантен фактор-доказ нити јас... затоа ќе преќинам со овој пост да дискутирам за тоа, зашто претпоставките се мајка и основа на секој заеб...
баравте југохром да се затвори, ете, го затворија, незнам колку илјади луѓе сега заради тоа ќе пострадаат (финансиски, семејства цели кои зависеа од работата) а од друга страна без никаков позитивен ефект за загадувањето. тетово и понатаму е многу загадено, пред некој ден беше 800+ честиците, а твојата ПРЕТПОСТАВКА дека би било 1000, не е репер за точност, нити пак релевантен фактор...
само ќе прашам... зашто во лето нема акво загадување? и тетово, и скопје и велес...