Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 614139 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2100 на: 12 Јануари 2016, 14:33:10 pm »
У принцип, гајле ми е за позадинската цел, ако има некаков ефект. За да има некаков ефект, треба да се протестира за вистинската работа и да се реагира за вистинските проблеми.

Ако се организира протест за да се бара зголемено оданочување на начини на греење кои докажано загадуваат, прв ќе отидам. Ако се организира протест со кој ќе се бара итна и целосна гасификација на Скопје, прв ќе отидам.

Протестирање колку да се има протест нити има поента, нити има ефект.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2101 на: 12 Јануари 2016, 14:43:33 pm »
Да бидам искрен, со оглед на тоа што ама баш никогаш (јас од кога те знам) не си отишол на било каков протест, чисто сумњам дека би се појавил и на овие што ги наведуваш.

Се согласувам со првата реченица.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2102 на: 12 Јануари 2016, 14:56:54 pm »
Во изминативе 12 месеци бев на два протести, бидејќи се согласував со она што се бараше и бев против она за кое се протестираше.

Тоа што не сум ставил слика на фејсбук и/или не сум обавил пасив-агресив статус на фејсбук за тоа, не значи дека не сум бил.

Едит: Плус, останува мојот став дека со протестирање во државава не се решило ниту пак постигнало ништо, барем не во последниве 10 години. Кај нас се знае како се протестира - на избори.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3941
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2103 на: 12 Јануари 2016, 15:02:33 pm »
Протестот е пред се процес на изразување на незадоволство. Релано во многу малце простести има конструктивност бидејќи е темелен на принцип на изразување на револт поради некоја состојба.

Во случајов се протестира „за вистинска работа“, изразување на револт против системот кој што не презема ништо во врска со сериозен проблем.

Проблемот на несоодветното артикулирање на решението (можното решение), е во област на соодветни авторитети, авторитет со познавање и авторитет по регулатива.

Како граѓанин можеш да се бориш на повеќе начини. Еден од нив е да излезеш и да изразиш револт. Друг е да формираш невладин авторитет кој ќе се занимава подлабоко со утврдениот проблем, трето е да испраќаш дописи јавни или поединечни до авторитетот за да покренеш некаква иницијатива која ќе биде „вистинска работа“, и  ДРУГО што може да ти текне.

Оправдувањето дека некој ќе смисли „вистинска работа“ па јас ќе излезам да кажам „И јас така мислам“, не верувам дека далеку ќе не однесе во реализирање на граѓанси заеднички вредности.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2104 на: 12 Јануари 2016, 15:05:38 pm »
Не се разбираме. :)

Поентата ми е - протест е убава работа, ама треба да има конкретен контекст протестот. Да се протестира против загадување, без да се знаат (иако се знаат, ама се иде со глава во ѕид) вистинските причини за загадувањето, мене ми е без врска.

И јас сакам да дишам чист воздух. Ама тоа значи долгорочно решение, а не протестирање. И сите политичари знаат што е, ама никој нема да се дрзне.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3941
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2105 на: 12 Јануари 2016, 15:14:31 pm »
Да, не се :)

Јас протестирам дека тие што треба да се грижат за законски утврдените норми и толеранции кои се прифатени за заштита на нашето здравје не го прават тоа.

И јас не се согласувам дека сообрќајот е најбитната уште помалку единствена „карика“ во сето ова. Но најслабија карика е во немањето механизам на делување во случаи на вакви кризи. Последувателно, втемелување на стратегија за намалување на загадувањето.



Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2106 на: 12 Јануари 2016, 15:23:16 pm »
Драго ми е дека се согласуваме. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2107 на: 12 Јануари 2016, 15:53:45 pm »
Во изминативе 12 месеци бев на два протести, бидејќи се согласував со она што се бараше и бев против она за кое се протестираше.

Тоа што не сум ставил слика на фејсбук и/или не сум обавил пасив-агресив статус на фејсбук за тоа, не значи дека не сум бил.

Едит: Плус, останува мојот став дека со протестирање во државава не се решило ниту пак постигнало ништо, барем не во последниве 10 години. Кај нас се знае како се протестира - на избори.

Уау, од сите, дури на два? Да видам, да не поверувам. Ако не е тајна, на кои протести?

Може и ПП, да не те заокружат случајно.

Не се согласувам дека со протести не се постигнало „ништо“ последниве 10 години, ама затоа со мрзливост, летаргија, одбивање да се реагира на било кој начин и чекање некој друг да ја заврши работата далеку стигнавме нели?

На избори се бира, на улица се протестира.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2108 на: 12 Јануари 2016, 19:43:43 pm »
Последниве 10 години највеќе се постигнува со протести.

Едино проблем е организација на протест ..

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2109 на: 12 Јануари 2016, 20:02:30 pm »
Последниве 10 години на протест се добива контра протест. 'Народен'.
А пред тоа скоро и да немаше протест.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2110 на: 12 Јануари 2016, 20:10:37 pm »
Да бидеме реални, ние постарите знаеме како беше пред и потоа ..


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2111 на: 12 Јануари 2016, 20:26:40 pm »
Сега нема протести без политичка партија и политички интерес во позадина. Вистинските протести сеуште постојат кај нас ама со излезност од 50-100 луѓе. Тоа е тоа што ја ебе кокошката а не е петелот.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2112 на: 12 Јануари 2016, 20:32:34 pm »
Со исклучок на студентстките протести, кои беа први вистински масовни протести во последниве 150 години.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2113 на: 12 Јануари 2016, 20:33:10 pm »
Само првиот пат мада и тогаш беа  30% умешани лишинарите и бев на нив, после стана све гола вода.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2114 на: 12 Јануари 2016, 21:29:03 pm »
Најлесно е одма да се мавне политичка фарба за да си ја оправдаш својата неактивност.

Бев на протести против поскапување на струја, против загаденост, против маме ебавање на ГТЦ, против законот за хонорарците, за оставка на Тодоров, на еден од студентските протести, против легализирано убивање на животни итн итн. Криво ми е што не бев на 05.05, кога беше протестот за Мартин, меѓутоа не смеев да си дозволам да си го дочекам бебето у ќорка или со сменет личен опис, пошто нели, си покажаа џандарите како се „смирува“ ситуација со прекршување студенти во библиотека. У ниеден момент не сум отишол со политичка „мотивација“ или пошто некој ме пратил таму. Сум бил поради тоа што сум сметал дека таму ми е местото.

Не ми е ненормално протест за нешто да има поддршка од политичка партија. И тие се луѓе на кои што може нешто да им пречи. Или нели да е контра протест, па да мора да се таму, пошто гага сендвичи или сладоледи. Многу ми е поненормално барем 5 години партија на власт да води активна војна и борба против едвај постоечка опозиција, и што е уште полошо, комплетно да го деградира и анулира независниот процент од тие што протестираат.

Ама тоа си е тоа клето бескичмено македонче. Не е ниту до „преродбениците“, ниту до „комуњарите“... Најголем проблем е до тие што ништо не прават поради тоа што „ништо нема да сменат“.
« Последно менување: 12 Јануари 2016, 21:34:43 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.