https://www.facebook.com/events/501972323309086/Еден наш бивши (ваљда) член имаше многу по конструктивни предлози..
Не се слагаме за се, али за ова да.
1. Итна, макар и делумна гасификација.
2. Субвенционирано парно греење. Парното треба да биде најевтиното, а не најскапото греење.
2.а. Акција за бесплатно приклучување на парно на оние кои се исклучиле заради високата цена.
3. Законски регулирана топлинска изолација на објектите. Доколку топлината истекува безвезе од објектите, џабе трошиме енергија! Секој киловат-час заштедена енергија е киловат-час суперчисто создадена енергија!
4. Радикално зголемување на цената на огревното дрво, освен за домаќинствата во руралните средини каде што нема алтернатива. (дрвото да се продава по две различни цени во зависност од тоа кој и зошто го купува, слично на „црвена нафта“ шемата).
4.а. Спречувањето на дивата сеча на дрва треба да се третира како врвно национално безбедносно прашање. Шумската полиција да добие широки овластувања, како и значајно зајакнување во бројност, обука и опрема.
5. Строг еко-тест при регистрацијата на моторните возила.
5.а. Сообраќајната полиција да запира и исклучува од сообраќај возила кои очигледно чадат и смрдат. Возилата кои заради старост и/или неисправност многу чадат и смрдат треба да патуваат до најблискиот мајстор или - ако не се поправа - отпад.
6. Најобична електрифицирана железничка пруга по левиот брег на реката Вардар, од Илинден до Сарај, со што градскиот сообраќај ќе се растерети од патници кои само транзитираат низ централните градски подрачја. Ем помалку автобуси низ град, ем попразни, поудобни и попривлечни за граѓаните кои сега и за најкратки релации палат кола.